Како секој хороскопски знак ја покажува својата најлоша страна?

Секој човек има своја добра и своја лоша страна, колку и да не сакаме да признаеме дека дел од нашиот карактер е, благо кажано, специфичен и комплициран.

kako-sekoj-horoskopski-znak-ja-pokazhuva-svojata-najlosha-strana-01.jpg

Според астрологијата, секоја личност има подеднакви, но спротивни внатрешни сили. Тоа значи дека за да постои баланс, секој од нас има свои позитивни и негативни страни, кои една со друга се „поништуваат“ и нè прават општествено прифатливи.

Нашата најлоша страна постои, но сите норми на доброто воспитување нè научиле да ја контролираме во нормални услови. Тоа не е случај кога некој со своите однесувања и постапки го „вади“ најлошото од нас.

Па, еве како секој хороскопски знак ја манифестира својата лоша страна:

Овен - покажува нетрпение и бес

Кога нештата не се такви какви што ги замислиле, Овните покажуваат бес. Тие сакаат сè да се случува што побрзо и се нервираат кога нештата се бавни. За среќа, нивното срце е навистина меко.

Бик - не сака да се смени, но не се ни откажува

Тие се фиксиран знак и се прилично тврдоглави. Често покажуваат посесивност, мрза и бес. Ако нешто им го нарушува комфорот, многу се лутат. Но, од друга страна се навистина практични и на крај ќе попуштат и ќе се променат, под услов и самите да имаат бенефит од тоа.

kako-sekoj-horoskopski-znak-ja-pokazhuva-svojata-najlosha-strana-2.jpg

Близнаци - непостојани озборувачи

Поради двојната природа на самиот знак умеат лесно да се адаптираат и тоа им доаѓа природно. Мразат кога некој им пристапува со скриени намери и иако се одлични оратори, често им се испушта и по некој трач.

Рак - им се влошува расположението и се држат до ситници цело време

Раковите сакаат да избегнат конфронтации бидејќи тие им го влошуваат расположението. Повеќе сакаат да се повлечат во себе, што ги збунува луѓето околу нив. Ако сепак решат да се соочат, ќе извлечат скоро заборавени проблеми од минатото и ќе се караат поради нив.

Лав - егоисти кои газат по другите

Сакаат кога се обожавани и кога светот им се восхитува. Нив не им треба труд за да се истакнат во толпата. Но, доколку не го добијат вниманието на кое се навикнати, стануваат арогантни, егоистични и не внимаваат колку газат. Затоа, Лавовите мораат да бидат внимателни со своето его.

FotoJet (4).jpg

Девица - песимисти кои ги осудуваат другите

Тие често критикуваат и мислат дека цело време даваат конструктивни критики, иако не е така. Затоа и очекуваат секоја нивна критика да биде прифатена. Исто така, секогаш го претпоставуваат најлошиот исход од некој настан и поради тој песимизам, стануваат анксиозни.

Вага - губат време и се неодлучни

Вагите имаат позитивни карактеристики од многу аспекти, но кога не се мотивирани да донесат одлука, прават сè за да ја одложат. Тоа е последица само на нивната неодлучност кога е нешто важно во прашање.

Продолжува на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Најлошите карактеристики на секоја мајка, според хороскопскиот знак Кога мајката Вага ќе реши дека детето треба да направи нешто, таа нема да го сме...
Астро ќоше: Зошто е уште сингл секој хороскопски знак? Бикот уште е заљубен во бившиот/бившата. Зошто другите хороскопски знаци се уште...
3 хороскопски знаци кои секогаш мора да се во право кога се во врска Со нив е тешко да се излезе на крај, зашто, колку и да се заљубени и си го сакаа...
Хороскопски знаци кои најуверливо ве лажат (но, имаат добра причина за тоа) Близнаци – кога лажат, тие се мотивирани од нивната емпатија и сочувство и тоа н...
Што ве прави убави во очите на другите, според хороскопскиот знак (а, не е поврзано со изгледот)? Вашиот прв инстинкт е да им помагате на другите, дури и кога станува збор за лич...
Хороскопските знаци рангирани според тоа колку се „очајни“ за љубов – Кој се плаши да биде сингл? Раковите не можат да си замислат да бидат сингл, додека за Јарците љубовта не е ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg