Астро-парови кои формираат најкомплицирани врски

Според астрологијата, постојат парови на хороскопски знаци кои би имале идеална врска, такви кои имаат 50:50 шанси за успех, но и астро-парови кои се целосна катастрофа.

6-astro-parovi-koi-formiraat-najkomplicirani-vrski-001.jpg

Дури и да успеат некој период, понатаму нештата само би се искомплицирале и би предизвикале непотребни нервози кај двајцата партнери.

Еве кои се тие парови:

Овен и Девица

Овенот и Девицата, во најголем дел од случаите, нема целосно да профункционираат како пар. И двата партнера имаат неверојатна енергија која потекнува од ѕвездите, но за жал, целосно спротивна на другата.

Додека Овенот сака да биде позитивен и оптимист за најмногу нешта во животот, Девицата често се сомнева и е негативна. Ваквиот пристап на овој пар ретко може да доведе до функционална врска. Во случај сепак да се обидат, едниот ќе треба да бара многу компромиси, додека пак на другиот нема да му биде драго да ги направи.

Бик и Скорпија

Причината поради која овој пар би имал проблем е довербата. Бикот секогаш бара верба и лојалност од една врска, а Скорпијата иако е способна да биде таква, не може да го достигне интензитетот што партнерот го бара.

Лесно е да се придобие довербата на Бикот, но Скорпијата не е знак кој би вложил сè што може за да се постигне стабилноста во врската. Всушност, Скорпиите нема да си дозволат таква посветеност и „разголеност“ на душата и емоциите - едноставно, не се такви.

Близнаци и Водолија

Овие два знака се многу слични. Имаат слободен отворен дух и независен ум. Ги ценат слободата и ексцентричноста, но се премногу уникатни како засебни личности. Иако овие квалитети воопшто не се лоши, кога ќе се искомбинираат во овој астро-пар, може да дојде до меѓусебно гушење на партнерите и попречување на нивните засебни видици.

Да, Близнаците и Водолијата делат многу заеднички квалитети, но слабостите се доста повеќе и можат да ја загрозат блискоста на овој пар.

Лав и Стрелец

Теоретски, овие два знака би требало да се компатибилни, но во пракса, страсниот и полн со себе Лав би барал од врската нешта што Стрелецот не може да му ги даде. Егото на Лавот постојано бара внимание и афирмација, но Стрелецот е многу послободен.

Поради тоа, Стрелецот не е подготвен да се обврзе на тоа што го бара Лавот. Едноставно, би било премногу и за двајцата.

Вага и Риби

Овие два знака не би можеле да профункционираат како пар, од причина што Вагата е социјална и харизматична, а Рибите се романтични сонувачи.

Оваа врска нема да „тргне“ бидејќи ниту еден од нив двајца не е приземјен и може да се изгубат во фантазиите и да бидат слепи пред реалноста.

Јарец и Рак

Ова се толку спротивни знаци што за нив не важи добро познатото правило од физиката, дека спротивностите се привлекуваат. Јарецот е многу посветен, интензивен и страствен, додека Ракот е срамежлив, тивок и емоционален.

Но, од едниот крај до другиот, има само голема и длабока празнина, која овие два знака не се способни да ја исполнат со компромиси и приврзаност. Дури и во прв момент да успеат да воспостават врска, оваа нерамнотежа многу брзо ќе придонесе да прекинат.

Е. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Љубовен хороскоп за јули 2024: Стрелци - мечтаете за забранета љубов, Бикови - монотонија во бракот Близнаци - во јули можна е средба со некој кој живее во странство, а со кого сте...
Љубовен хороскоп за декември 2023: Лавови - тајната врска е осудена на пропаст, Ваги - размислувате ... Овен – ако сте во брак, избегнувајте караници, бидејќи не знаете како може да ре...
Хороскопските знаци рангирани од најдобриот до најзлобниот Близнаците се наоѓаат на средина – не се многу добри, но не се ни многу лоши и с...
Љубовен хороскоп за јуни 2024: Јарци – Ќе бегате од партнерот, Водолии – Минатото ве прогонува Рак – Јуни ќе ви донесе целосен пресврт на љубовен план и ќе ви стане јасно дека...
Хороскопските знаци рангирани според тоа колку се „очајни“ за љубов – Кој се плаши да биде сингл? Раковите не можат да си замислат да бидат сингл, додека за Јарците љубовта не е ...
Астро ќоше: Зошто е уште сингл секој хороскопски знак? Бикот уште е заљубен во бившиот/бившата. Зошто другите хороскопски знаци се уште...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg