Што сè можете да правите со вашата пријателка Лав во текот на ова лето?
Летото е прекрасен период да поминувате што повеќе време со вашите пријатели и драги луѓе. Плажа, ноќи покрај море, долги патувања, забава, разговори на клупи во парковите... А кој може да ви биде подобро друштво за сите овие нешта, освен вашиот пријател роден во знакот на Лав.
Никогаш не се двоумете да ја повикате вашата пријателка на некоја авантура. Таа не само што ќе дојде со вас, туку и поради ѕвездите кои се наредени токму во нејзиниот знак, ќе го направи одморот незаборавен благодарение на животната енергија која зрачи од неа. Сигурно засекогаш ќе ги паметите сите тие подвизи и со насмевка ќе се сеќавате на нив дури и по многу години.
Кога избирате друштво за летната авантура, токму вашата другарка Лав е таа која правејќи го сето тоа, ќе се чувствува среќно и исполнето и што е најважно, нејзината блескава личност никогаш нема да ве стави во сенка и вас, напротив, покрај нејзе и вие ќе блескате.
Затоа, која активност и да ја изберете од следниве, нема да погрешите:
Останете цела ноќ на отворено
Изнајмете шатор и сместете се во некој камп или пак, отидете на планинарење. Можете дури да останете цела ноќ покрај брегот на морето и да ги слушате брановите. Не заборавајте да фотографирате, што и да правите.
Отидете во град каде што никогаш не сте биле
Кога сте заедно со вашата пријателка Лав, не треба да се двоумите да предложите некое ново место. Седнете во автомобилот и возете или букирајте некој евтин лет, без разлика на дестинацијата. Пред да тргнете, проучете го површно градот, а неговата магија откријте ја откако ќе пристигнете таму.
Изнајмете бунгалов покрај плажа
Разгледајте ги сите опции што се нудат, следете на социјални мрежи, на Букинг или на АирБНБ, одберете датум и подгответе се за незаборавна авантура. Дури и плажа покрај море во некоја од соседните држави може да заврши работа.
Дотерајте се и излезете на танцување
Речиси во секој град во светот постои место каде можете да ја доживеете автентичноста. Одете во дискотека на танцување или пак во некоја локална кафеана каде ќе го научите традиционалниот танц, ако сте во друга држава. Тоа ќе ви отвори и многу можности за запознавање со нови луѓе. Облечете летен фустан, некои убави сандали и впуштете се во уживањето.
Организирајте ноќ за пица
Вие и вашата другарка сигурно имате страст за пицата, па посветете ѝ една ноќ токму нејзе. Нарачајте пица за дома и тоа неколку различни вкусови, јадете и уживајте. Можете дури и да излезете и да седнете во три различни ресторани и да ја пробате истата пица во сите три. Многу важно, носете го со себе и својот апетит.
Научете нешто ново
Нуркање, сурфање, летање со параглајдер, возење мотор на вода, опциите се многу. Пронајдете го она што ве интересира и двете и впуштете се во авантурата. Сигурно одморот ќе ви биде еден од најубавите во животот.
Е. Д. | Црнобело