Најдобриот комплимент кој може да му го дадете на секој хороскопски знак

najdobriot-kompliment-koj-moze-da-mu-go-dadete-na-sekoj-od-znacite-02.jpg

ВАГА – „Навистина многу те бидува за…“

Клучот за давање комплименти на Вагите е да прецизирате во што точно мислите дека се добри (или најдобри). Доколку свират некоја песна на гитара, дадете им комплимент на нивната техника или изведбата. Доколку готват, задолжително пофалете го изборот на нивните зачини.

Вагите сакаат искрени, точни и прецизни комплименти, со аргументи. Тие може да ги намирисаат неискрените, лицемерни пофалби.

СКОРПИЈА – „Многу си креативен/креативна“.

Навистина многу малку состојки им се потребно на Скорпиите да направат нешто прекрасно и интересно. Од обична хартија ќе ви направат оригами, од неколку едноставни состојки ќе вкусите одличен оброк.

Кога ќе ја пофалите нивната брзина, уникатност и креативност, тие цветаат.

СТРЕЛЕЦ – „Знам дека можам да сметам на тебе“

Стрелците се можеби најметодичните знаци во Зодијакот и ретко прават компромиси. Но кога ќе дадат некому ветување истовремено ќе пружат и сè од себе да го исполнат.

Кога ќе им кажете дека не се сомневате во нив и дека секогаш може да сметате на нивната помош, тие ќе ви возвратат дупло на убавите зборови.

ЈАРЕЦ – „Умееш да се потпреш на себе“

Јарците одамна ја имаат научено најтешката лекција во животот – личноста на која можеш најмногу да се потпреш си токму ти.

Доколку сакаат да завршат некоја работа како што треба тие ја завршуваат исклучиво сами. Кога некој ќе ја забележи нивната независност и им аплаудираат, Јарците знаат дека пронашле вистински пријател кој ја цени нивната самостојност.

ВОДОЛИЈА – „Ништо не е исто без тебе“

Водолијата е знак кој не е ниту приближно ист на никој друг во Зодијакот. Во нив ја препознаваме ненаметливата сила која може да разурне карпа и да го управува светот.

Тие се паметни, а истовремено флексибилни. Имаат огромна жед за знаење, неверојатни водачи и иноватори.

Кога ќе им кажете дека ништо не функционира онака како што треба без нив, им измамувате насмевка на лицето.

РИБИ – „Носиш среќа во овој свет“

Рибите се грижливи. И тоа не просечно грижливи, туку искрено, длабоко посветени и грижливи добри луѓе кои сакаат да помогнат со своите акции и да го направат светот едно поубаво место за живот.

Тие се како виножита на две нозе, го осветлуваат светот секаде каде што стапнуваат. Кога ќе им кажете дека со себе носат добрина, радост и среќа, тие блескаат“.

(О)Милена | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Хороскопски знаци кои најуверливо ве лажат (но, имаат добра причина за тоа) Близнаци – кога лажат, тие се мотивирани од нивната емпатија и сочувство и тоа н...
3 хороскопски знаци кои секогаш мора да се во право кога се во врска Со нив е тешко да се излезе на крај, зашто, колку и да се заљубени и си го сакаа...
Една постапка со која веднаш ќе ја загубите довербата кај секој хороскопски знак (и зошто) Бик - Ако им дадете ветување, а потоа не го остварите, подобро е воопшто да...
Најлошите карактеристики на секоја мајка, според хороскопскиот знак Кога мајката Вага ќе реши дека детето треба да направи нешто, таа нема да го сме...
Најубавото изненадување што ве чека до крајот на годината, според хороскопскиот знак Риби, ќе ја тргнете најголемата пречка до среќата во вашиот живот. Односно, ќе с...
Како најлесно ќе го освоите секој хороскопски знак? Најлесно ќе ги заведете Стрелците ако им бидете „ветер во грб“ и поддршка, бидеј...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg