Најдобриот комплимент кој може да му го дадете на секој хороскопски знак
Не постои човек кој не сака да слуша комплименти упатени на негова сметка. Дури и оние кои велат дека се иритираат од комплиментите, потајно им се радуваат на истите.
Нормално, најлесно е да му кажете на некој дека е убав/а, но најголемиот дел од знаците на Зодијакот им се радуваат на поинаков тип на комплименти.
Дознајте кој е најдобриот комплимент кој може да му го дадете на секој од знаците:
ОВЕН – „Ти си најсилната личност која ја познавам“.
Можеби од страна изгледа дека Овните се создадени од оган и решителност, но вистината е дека многу често се самоиспитуваат. Кога ќе им доделите вакво признание вие ги потсетувате на силата која ја имаат во себе и им ја давате потребната доза самодоверба да продолжат да се борат понатаму и да доминираат.
БИК – „Многу си смешен/смешна!“
Не постои знак во Зодијакот кој сака да ве насмее повеќе од Бикот. Познати по тоа што се претрупуваат емоционално себеси, Биковите го користат хуморот како оружје во борбата против нервозата и фрустрираноста. Кога се смеете на нивните шеги, тоа е исто како да им препишувате апче против стрес.
БЛИЗНАЦИ – „Не сум запознал никој/а со ум како твојот“.
Близнаците се практично суперкомпјутери кои носат чевли. Имаат неврони кои работат побрзо отколку на кој било друг знак во Зодијакот. Да се има мозок кој работи брзо значи дека Близнаците ги спојуваат работите многу побрзо од нас останатите, а кога ги потсетувате на нивната ментална способност, тоа особено им ласка и го ценат.
РАК – „Внесуваш светлина во мојот живот“.
Можеби звучи како некое клише од филм или новела, но Раковите постојано се трудат да им бидат од помош на другите, да им дадат мудар совет, утеха или мало парче среќа.
Ништо не ги радува толку многу како фактот кога некој ќе им признае дека нивната помош е ценета и добредојдена. Кога некој го признава неговиот емоционален труд, нивните очи светат од задоволство.
ЛАВ – „Многу ми се допаѓа твојот стил на облекување“
Бестрашните Лавови неретко сакаат да ги диктираат модните трендови или а бидат првите кои ќе ја промовираат новата мода. Тие трошат многу време, енергија и пари на својот изглед.
Кога ќе им упатите комплимент поврзан со надворешниот изглед и стилот, културно ќе се заблагодарат, но нивното срце чука 150 на час од среќа.
ДЕВИЦА – „Твојот совет навистина ми помогна“
Прагматичните и практични Девици се издвојуваат како природно грижливи луѓе. Тие не сакаат ништо повеќе отколку да даваат помош и да делат совети некому. Кога ќе им дадете до знаење дека нивниот совет направил огромна разлика и ви помогнал, тоа е исто како да сте им ја дале смислата на животот. Тогаш пловат на мирно облаче и посакуваат да се почестат.