Раковите се досадни и глупави, Водолиите вообразени - каков прв впечаток оставате според хороскопот?
Велат – првиот впечаток е најважен и не постои поправен испит за истиот. Но дали навистина е така?
Сте се запрашале ли каков прв впечаток им оставате на луѓето согласно вашиот хороскопски знак? Или можеби каков впечаток ви оставаат другите кои ги запознавате прв пат, а подоцна го дознавате нивниот знак и сè одеднаш добива смисла?
Прочитајте каков прв впечаток оставаат знаците и пресудете колку е точно...
Овен
Луѓето се плашат од вас бидејќи делувате силно и мудро. Тоа најмногу ги заплашува, па понекогаш го одбегнуваат вашиот поглед и присуство.
Тие просто не разбираат дека вашите намери се добри и нема причина за страв. Тоа што пред нив стои некој мудар е одлична прилика да се научи нешто ново.
Бик
Оние кои не ве познаваат добро сметаат дека не секогаш ја зборувате вистината, бидејќи им делувате таинствено. Кога ќе ве погледнат длабоко во очите не може да откријат за што точно размислувате и тоа им создава благ немир.
Но, пријателите коишто добро ве познаат знаат дека сте добронамерни, искрени и веродостојни.
Близнаци
Поради некои причини луѓето на прв поглед мислат дека сте губитник. Тие добиваат впечаток дека мирно чекорите низ животот без да се заморувате премногу, особено за духовните теми.
Но тоа е затоа што тие не ве разбираат доволно. Вие сте свои и не си го губите времето со мислењето на другите. Навистина, духовноста не ви е најсилната страна, но – никој не е совршен.
Рак
Луѓето за вас мислат дека се правите дека сте нешто што не сте, дека сте по малку досадни, па дури и глупави. Тие всушност не сфаќаат дека повеќе сакате да бидете сами, отколку опкружени со топла луѓе на кои не сакате да им се откриете толку лесно.
Ви треба повеќе време да пуштите некого во вашиот живот и дури тогаш му го откривате вашето вистинско прекрасно лице.
Лав
На другите им делувате просто неверојатно и нестварно, како да блескате и секогаш сте во центарот на вниманието. Тие всушност и не се далеку од вистината. Вие сте најшармантниот знак во Зодијакот и вашето појавување никогаш нема да остане незабележано.
Иако делувате премногу самоуверено и се движите малку грубо и театрално, сепак во вас се крие големо топло срце.
Девица
Луѓето се плашат од вас бидејќи мислат дека не ви оставиле доволно добар впечаток, но тоа не секогаш е точно. Имате строг и ладен израз на лицето кога се запознавате со некого за прв пат и не се отворате толку лесно пред нови луѓе.
Дури откако ќе ги запознаете подобро и ќе процените дали ви одговараат како друштво, си го покажувате вистинското лице, а тоа е искрено и пријатно.