Раковите се досадни и глупави, Водолиите вообразени - каков прв впечаток оставате според хороскопот?
Вага
Оставате впечаток на љубезни и шармантни, но откако добро ќе ве запознаат сфаќаат дека сте премногу непредвидливи.
Во еден момент сте тивки и слатки, а веќе во следниот гласни и строги. Сепак, во душата сте добри луѓе, со малку комплициран карактер кој не може да го поднесат сите.
Скорпија
За вас луѓето се уверени дека зрачите со магнетски сексапил и сте одлични во кревет, а тоа не е далеку од вистината. Вие сте многу привлечни и зрачите со секси шарм, дури и кога не сте свесни за тоа.
Го имате т.н. Икс фактор кој едноставно извира од вас и го привлекува вниманието на другите, особено на оние од спротивниот пол.
Стрелец
Оние кои ви пружаат рака за прв пат мислат дека живеете во облаците. Добиваат впечаток дека сте отсутни додека ви зборува некој друг. Тоа е делумно точно, имате бујна фантазија и сакате одвреме-навреме да се исклучите од реалноста.
Но вистината е дека доколку соговорникот е интересен, ќе бидете целосно посветени и присутни во разговорот. Празните разговори ви ја цицаат целата позитивна енергија.
Јарец
Делувате како самоуверен индивидуалец кој нема да застане пред никој и ништо и ќе гази сè пред себе додека не си ја оствари целта.
Нема сомнеж дека како Јарец сакате да планирате, да си задавате задачи и да ги исполнувате истите и тоа е сосема во ред, сè додека не ви повредувате другите во процесот. Сакате само да се осигурате дека вие и вашето семејство ќе имате добар живот со помалку стрес.
Водолија
„На прва“ делувате ладни, како да сте подобри од сите други, па дури и вообразено. Но, тоа воопшто не е така. Вие сте едноставно самоуверени, а во тоа нема ништо лошо.
Кога некое друштво пак ви одговара вие сте многу дружељубиви, пријатни и великодушни. Понекогаш изгледа како да сте отсутни од разговорот, како да не стоите со двете нозе цврсто на земјата.
Риби
Оставате впечаток дека „сите бродови ви потонале“, па на луѓето им доаѓа да ве гушнат при првото запознавање, иако ве гледаат прв пат. Делувате како маченик и некој кој премногу се самосожалува.
Понекогаш знаете да „отпливате“ во таа насока, но тоа се случува секому без оглед на хороскопскиот знак на кој му припаѓаат. Вие сте всушност многу слатка и симпатична личност.
(О)Милена | Црнобело