Кои хороскопски знаци не може да се поднесат едни со други?
Астрологијата ни дава одговор на многу прашања, меѓу кои и компатибилноста на знаците.
Но, таа истовремено го дава и обратниот одговор – кои комбинации се убиствени и не може да функционираат.
Сигурно сте забележале дека со одредени знаци муабетот, пријателството или љубовта никако не ви тргнува од рака. А постои и добра причина зошто – едноставно не сте компатибилни и не си одговарате.
Кои знаци од Зодијакот не може да се поднесат едни со други?
ОВЕН И БИК
Ова и не е некое изненадување, нели? Овенот е знак од акција и секогаш се обидува да биде зафатен и да си го направи животот поинтересен.
Кога не прави ништо, се чувствува како безделник. Овенот во принцип не мрази толку многу мрзеливи луѓе, колку што не ги сака досадните, пасивни животи коишто ги водат луѓето.
Токму затоа Овенот се самоидентификува како спонтана, забавна и личност која го сака животот.
Може да се каже дека Бикот е целосна спротивност на ова. Тој е летаргичен, хедонист кој може да безделничи со денови и да ужива во процесот на неправење ништо посебно.
За среќа, Бикот има премногу самодоверба, па мислењата или навредите од страна на Овенот за неговиот карактер нема да предизвикаат којзнае колкава штета.
Но, кога некој покажува отворена омраза кон него, тогаш Бикот сериозно се разлутува и подобро е да не му стоите на патот.
Бикот не може да сфати зошто Овенот секогаш мора да е „на нозе“, подвижен и неуморен. Според Бикот, доколку не можете да го забавите темпото и да поминете некое време мирни и сами со себе, тогаш имате некој проблем.
Според Овенот, пак, имате проблем ако се повлекувате во себе и со денови не правите ништо.
ЈАРЕЦ И РИБИ
Како голем традиционалист, Јарецот чувствува потреба да се посомнева во сè она што не е логично или поврзано со чувства. Кога налетува на луѓе чија глава е во облаци, тогаш одбива да биде во нивно присуство.
Јарецот воедно е цврсто убеден дека нема потреба да биде во друштво на некого кој не може да ги согледа работите од неговата гледна точка.
Рибите се нивната „слаба“ точка, бидејќи според Јарците тие се само обични фантазери кои лутаат наоколу без јасна насока и цел.
Само затоа што Рибите се сонувачи, тоа не значи дека не се интелигентни.
Рибите се сметаат себеси за среќни бидејќи го гледаат светот со ширум отворени очи за разлика од Јарците за кои сметаат дека се прилично ограничени луѓе.
Омразата помеѓу нив е прилично голема бидејќи се работи за две тотално спротивни личности со вибрации кои им припаѓаат на сосема различни планети.
ВОДОЛИЈА И БЛИЗНАЦИ
Близнаците блескаат и постигнуваат најмногу успех кога се опкружени со своите пријатели и кога добро се забавуваат.
Тие би останале по можност цела ноќ надвор и би продолжиле следниот ден со истото жестоко темпо, отколку да одат дома, да се одморат и да си ги наполнат батериите, нешто што е типичен пример на однесување за Водолиите.
Водолиите го презираат фактот што Близнаците не знаат како да поминат време сами со себе.
Водолијата исто така се гордее со тоа што е некој којшто ги одржува своите ветувања по секоја цена.
Близнаците имаат проблем со одржувањето ветувања, но тие пак сметаат дека не може да се потпреш на Водолијата, па во нивниот свет се изедначени.
Водолијата смета дека Близнаците се премногу променливи во однесувањето, па овие два знаци постојано се напаѓаат меѓусебно.
ЛАВ И ДЕВИЦА
Лавот е крал/ица на драмата и посакува сè да се врти околу него. Не само што умее да го сврти целосното внимание на сите кон себе, туку во процесот успева да ги посрамоти другите околу неа.
Девицата пак не може да го разбере тоа патење по внимание од страна на Лавот па затоа се држи на што е можно поголемо растојание од него.
Ова прави таа да се чувствува неудобно, но и прилично некултурно, уште еден момент што го мрази кај Лавот, бидејќи ја тера да се чувствува така.
Лавот никогаш нема да одвои време да ја сослуша Девицата или да ѝ отстапи 5 минути таа слободно да се искаже.
Девицата пак смета дека немаат апсолутно ништо заедничко и дека е најдобро да не се приближуваат еден кон друг.
РАК И СТРЕЛЕЦ
Ракот е тип на човек што знае точно што сака и не сака да пробува нови работи само затоа што тоа го прави животот позабавен.
За Ракот се смета дека понекогаш е несигурен во себе и емоционално зависен, но тој се чувствува многу комфорно во овие улоги, што дури и ужива во истите.
За разлика од него, Стрелецот ќе даде сè од себе да си помине убаво си пријателите и не сака никој да го врзува.
Ракот обожава кога партнерот му дозволува да биде емоционално зависен и да се потпре на него, а Стрелецот е целосна спротивност на ова.
Ако Стрелецот почувствува дека некој сака да го смири или го задушува во врската тој веднаш си заминува, додека Ракот ужива во ова однесување, иако не сака тоа отворено да го признае пред другите.
ВАГА И СКОРПИЈА
Вагата дава сè од себе да создаде фер и избалансирана атмосфера и сака другите да ја доживуваат како стабилна и неагресивна, односно мирна личност.
Постојано сака да ја поправа штетата која се создала, а за жестоката Скорпија ова повеќе личи на глума, отколку на искрено однесување.
Скорпијата верува во изреката „око за око, заб за заб“, наместо во мир и фер борба, што е прилично застрашувачко за една Вага.
Иако Вагата е личност исполнета со страст слично како и Скорпијата, таа секогаш ќе ѝ даде до знаење на Скорпијата колку не го одобрува нејзиното однесување.
Омразата помеѓу овие два знаци е толку сурова бидејќи се целосни спротивни едни на други.
(О)Милена | Црнобело