Трошат како милионери: Кои хороскопски знаци се расфрлаат со пари?

Не штедат на гардероба, ни на излегувања, а галантни се како кон себе, така и кон пријателите. Најголемите „расипници“ во Зодијакот не прашуваат за пари, бидејќи тие се за трошење, а не да се чуваат под перница. Ве потсетува ли ова на некого? 

troshat-kako-milioneri-koi-horoskopski-znaci-se-rasfrlaat-so-pari-1.jpg

За одредени луѓе, трошењето е како храна, или, пак, налик на воздухот што го вдишуваат. Нешто сосема природно и разбирливо. Помалку забавно е кога сметките ќе им пристигнат за наплата, а следната плата е дури за три седмици.

Но, тоа ни малку не ги засега овие ѕвездени знаци, на општо изненадување и ужаснатост од нивната поразумна и поштедлива околина.

troshat-kako-milioneri-koi-horoskopski-znaci-se-rasfrlaat-so-pari-2.jpg

Сеедно дали е во прашање облека, обувки, храна, алкохол, или, пак, некои покрупни хедонистички задоволства, тие едноставно сакаат да се расфрлаат со пари.

Дури и кога личниот буџет не им го дозволува тоа, трошат како да се милионери.

troshat-kako-milioneri-koi-horoskopski-znaci-se-rasfrlaat-so-pari-3.jpg

Според астролозите, најголемите трошачи во хороскопот се следните пет знаци:

Овен

Овните трошат голема количина на пари. Притоа, не пребираат – трошат на сѐ и сешто. Со еднаква страст се расфрлаат со пари за гардероба, влезници за концерти, храна, пијалаци, технологија, како и излегувања, водејќи прилично динамичен живот.

Секогаш ќе отидат на отворање на нов клуб, или, пак, да испробаат нов ресторан, а за тоа им треба и нова облека. Па, нема луѓето од викенд во викенд да ги гледаат во истите парчиња, зар не?!

Меѓутоа, иако непрестано трошат, се чини дека постојано и имаат пари. Освен ако не се навистина добри во прикривање на банкротот. Го обожуваат луксузниот стил на живот, а нивната банкарска сметка, мора да им ги покрие сите каприци. На еден или друг начин, тие редовно смислуваат како тоа и да им успее.

troshat-kako-milioneri-koi-horoskopski-znaci-se-rasfrlaat-so-pari-4.jpg

Близнаци

Близнаците никогаш не престануваат со трошење на пари. Причината е проста и едноставна – везден се појавува одредена новина, поради која ним им проработува љубопитноста и љубовта за промена.

Излегол најновиот iPhone? Некое посебно модно парче е во тренд? Тие мора да имаат сѐ. Но, тешко дека ќе ги видите да остават пари во скап ресторан.

Свесни се дека облеката, чевлите и аксесоарите траат многу подолго, а и на нив им пружаат повеќе задоволство. Притоа, иако без никаков проблем би ви позајмиле сѐ ново што си имаат купено, мали се шансите тие вам нешто да ви купат. Освен ако не им ветите дека ќе се оддолжите.

troshat-kako-milioneri-koi-horoskopski-znaci-se-rasfrlaat-so-pari-5.jpg

Лав

Лавовите во глобала сакат да трошат пари. Купуваат добра поради кои ќе се чувствуваат подобро, а богами и изгледаат подобро. Можеби делуваат лекомислени кога се работи за парите, ама тие и тоа како знаат да се ценкаат или да пронајдат одлична зделка.

Ги следат сите попусти и први дознаваат што има на распродажба од ним омилените брендови, особено за разубавување. Од сезонските намалувања до продуктите што се повлекуваат од продажба, па цената им е преполовена – во такви ситуации се свои на своите. Ете им добра прилика да ги потрошат сите пари!

troshat-kako-milioneri-koi-horoskopski-znaci-se-rasfrlaat-so-pari-6.jpg

Стрелец

Стрелците не се ни скржавци, ниту себични трошачи. Напротив – тие се мошне дарежливи по природа. Со драга волја ќе потрошат пари за сѐ она што на нивните ближни може да им измами насмевка.

На себе, пак, сакаат да си „подарат“ покрупни работи, како што се патувањата. Навидум, се чини како тие да не трошат многу, затоа што не трошат секој ден. Меѓутоа, ова не е вистина.

Трошат ретко, ама сумите се прилично големи. Ним светот им се врти околу забавата, како и убаво поминатите мигови со најблиските. Оттука, никого не смее да го изненади кога од ведро небо ќе им предложат на пријателите да отпатуваат некаде заедно на викенд, или, пак, да појдат на концерт во друга земја, блиска или далечна.

Можеби нема баш сѐ да биде на нивен трошок, ама ако тоа можат да си го дозволат, сопатникот нема пречесто да го вади својот паричник.

troshat-kako-milioneri-koi-horoskopski-znaci-se-rasfrlaat-so-pari-7.jpg

Риби

Рибите вообичаено трошат пари на луѓето што ги љубат. Ако саканата личност можат да ја однесат на вечера во елитен ресторан, или, пак, на најдобрата другарка да ѝ го купат накитот по кој веќе со недели воздивнува, тие и ќе го направат тоа – само за да ги усреќат обајцата.

Рибите се генерално штедливи по природа, така што нема секогаш да „фрлаат“ големи пари. За разлика од претходниот знак, тие трошат помали суми, ама почесто.

Исто така, веруваат дека подобро ќе се чувствуваат доколку одвреме-навреме и самите се почестат со некаков подарок. Се наградуваат себеси и си го креваат расположението, кога дома ќе донесат фина чоколада или ново парче облека. За своја душа.

troshat-kako-milioneri-koi-horoskopski-znaci-se-rasfrlaat-so-pari-8.jpg

М. А. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Најлошите карактеристики на секоја мајка, според хороскопскиот знак Кога мајката Вага ќе реши дека детето треба да направи нешто, таа нема да го сме...
Кој штеди, а кој троши повеќе отколку што има: Какви се хороскопските знаци со парите? Скорпиите го штедат поголемиот дел од заработката и обично трошат само на неопхо...
Хороскопските знаци рангирани од најдобриот до најзлобниот Близнаците се наоѓаат на средина – не се многу добри, но не се ни многу лоши и с...
Кој метод на штедење ќе биде најефикасен за вас во 2024-та, според хороскопскиот знак? Девиците ќе заштедат така што ќе научат нови вештини, а Скорпиите треба да се др...
Хороскопските знаци рангирани според тоа колку се „очајни“ за љубов – Кој се плаши да биде сингл? Раковите не можат да си замислат да бидат сингл, додека за Јарците љубовта не е ...
Љубовен хороскоп за јули 2024: Стрелци - мечтаете за забранета љубов, Бикови - монотонија во бракот Близнаци - во јули можна е средба со некој кој живее во странство, а со кого сте...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg