Одмор според хороскопот
Летото ни започна и сигурно кроите планови за одмор. Каде ќе отпатувате годинава? Секој хороскопски знак има различна дефиниција за летна забава.
Различни карактери - различни желби.
Каков одмор е соодветен за вас според ѕвездите?
Овен: Вие сте типичен пример на личност која е активна во текот на целата година а посебно сте спортски расположени кога сте на одмор.
Трчање, ролање, вежбање, ви помагаат да заборавите на проблемите. Добар избор за одмор се градовите кои имаат бурен ноќен живот, затоа што вие сте ѕвезда на забавите.
Бик: Уживате во возење автомобил па за вас најсоодветни места се поголеми острови каде може да се шетате на различни плажи, гратчиња, продавници.
Ако сакате незаборавно уживање, одберете си хотел со СПА или wellness центар, а добро би ви дошла и послуга во соба.
Близнаци: Во лето се одморате од ноќните забави и журки кои ги поминавте во текот на годината. Сакате краток одмор и патување на помала далечина.
Најдобро е да направите серија од продолжени викенди и така да го искористите летото.
Ако се одлучите за подолг одмор нека биде во поголем град каде ќе може да го задоволите љубопитниот дух.
Рак: Летото ве мами да се покажете во право светло и да го напуштите својот оклоп.
Кампувањето, фамилијарни собири, или можеби повозбудливи активности од типот на рафтинг се вистински одмор за вас.
Ако се одлучите за подолго патување одберете место со историја, културни споменици, музеи и галерии.
Лав: Вие сакате да се печете на сонце и да привлекувате внимание наоколу. Сексипилот ви доаѓа до израз во летните месеци.
Ваша омилена летна активност е заведување. Изберете фенси место за одмор, погодно за млади и атрактивни.
Девица: Летните месеци ги сакате затоа што може да уживате во омилените овошја и зеленчуци. Сакате да организирате забави на отворено, каде ќе може да ги поканите сите што ги познавате.
Кога ќе си ја завршите оваа работа упатете се на место со убави плажи и спортски активности, бидејќи сте мераклија на спортови на плажа.
Уште 6 знаци на следната страна...