Според хороскопскиот знак: Со каква љубовница ќе ве изневери партнерот?
Не, тоа не значи дека баш сите мажи навистина ќе извршат прељуба во врската. Меѓутоа, доколку се одлучат на таков чекор, астролозите откриваат со кој тип на жена е најголема веројатноста тоа да го направи секој знак од Зодијакот.
Па, во зависност од неговиот хороскопски знак, дознајте каква љубовница би била изборот и на вашиот партнер:
Овен
Овните сакаат возбуди и адреналин. Затоа, бегство од стабилната врска ќе побара во авантура со жена која е непредвидлива, баш како и тој самиот.
Бик
Верувале или не, љубовницата веројатно ќе им биде најдобрата другарка. Навистина, тој ќе изврши прељуба со девојката која дотогаш му била само пријателка.
Близнаци
Близнаците ќе ве изневерат со некоја што постојано ги фали и возвишува до облаците. Тоа не значи и дека мажот ќе има подлабоки чувства кон таа личност, но неговото его дефинитивно ќе ужива.
Рак
Тој ќе се одлучи за жената која е подготвена да го ислуша, тогаш кога партнерката не е. Раковите нема ни да сфатат дека ве изневеруваат, бидејќи првин ќе сакаат само рамо за плачење.
Но, тоа може мошне брзо да прерасне во нешто далеку поинтимно - во сексуална смисла.
Лав
Доколку ве изневери, тоа ќе биде со девојката која умее искрено да го насмее. А, уште ако и таа „паѓа“ на неговиот хумор, па се смее на досетките или шегите што тој ги кажува, тогаш работите би можеле да станат поприлично сериозни.
Девица
Кога се Девиците во прашање, пресудна е близината. Ако почувствува дека малку сте се оддалечиле од него, тогаш во паника ќе побара блискост со некоја друга жена.