Од најдобри до најлоши: Какви сопруги се жените според хороскопот?
Идејата за брак ја впиваме уште како мали, па не е ни чудо што жените третина од својот живот си фантазираат каква свадба би сакале да имаат.
Сите влегуваме во брак со различна замисла и идеја, но заедничка е онаа дека треба да трае вечно.
Па, ако ги анализираме жените според хороскопот, со која бракот е идеален и има потенцијал да трае вечно, а со која бракот е невозможен?
Жени, без лутење. Мажи, без предрасуди.
Хороскопските знаци се рангирани од најдобри сопруги до најлоши:
1. Рак
Ако барате лојална личност со која ќе може да поставите цврсти столбови, вашата идеална сопруга е родена во знакот на Рак. Жените Ракови го обожаваат семејството и ќе направат сè за да бидат во хармоничен брак. Не лажат и се врзуваат за цел живот. Намерите им се секогаш добри и чисти.
2. Риби
Рибите се сопруги полни со љубов и ќе направат апсолутно се за партнерот да биде среќен. Имаат развиена креативност, па се одлични партнерки за создавање на семејство и растење на интелигентни деца. Рибите жени се полни со разбирање, паметни и лојални.
3. Вага
Во овој знак се родени најпријатните луѓе. И тоа се дуплира доколку влезете во брак со нив. Жените Ваги се динамични мислители кои имаат долгорочни цели и ќе ве инспирираат да го постигнете истото. Никогаш нема да ве предадат, а за возврат сакаат промислена нежност. Презираат манипулација. Обожаваат секс и подготвени се да експериментираат.
4. Бик
Нивната тврдоглавост и желбата за конструктивни разговори е она што ќе го одржи бракот динамичен. Жените Бикови се интелигентни и не сакаат само физичко врзување. Ќе мора да им понудите многу повеќе од само вашето присуство. Како сопруги, лојални се додека се задоволни и имаат изразен мајчински инстинкт.
5. Водолија
Иако Водолиите важат за силни и независни, способни се да понудат неверојатна љубов и поддршка како животни партнери. Единствено со нив ќе мора да внимавате да не им станете здодевни, бидејќи не поднесуваат монотонија. Паметни се и вреди да ги задржите. Како сопруги се еден од најдобрите избори кои секој маж може да го направи.
6. Јарец
Жените Јарци знаат одлично да балансираат меѓу бизнисот, домашните обврски, децата и сопругот, па затоа се добар материјал за среќен брак. Кога ќе влезете во брак со Јарец, ќе сфатите дека нивната организираност ќе ви го олесни животот. Сепак, ако сакате да доцните со рати и не стигнувате на време на закажаните состаноци, очекувајте конфликти.