Соло кралици: 3 хороскопски знаци кои не сакаат да се омажат

Астролозите тврдат дека овие жени ги имаат сите предиспозиции да станат „невести-бегалки“. Кои се тие?

solo-kralici-3-horoskopski-znaci-koi-ne-sakaat-da-se-omazhat-1.jpg

Жените кои не сакаат да се омажат, најчесто се родени во следните три хороскопски знаци:

Стрелец

Жената Стрелец мисли дека бракот е губиток на слободата. Таа е мошне независна личност, која ги преферира краткорочните врски.

Сериозната врска, пак, од друга страна, ќе ја исплаши дамата родена во овој знак.

Оваа жена сака да ужива во својата младост, да се фокусира на себе и своите потреби, така што не се грижи за староста.

Дури и ако жената Стрелец никогаш не се омажи, таа секогаш ќе има спомени на нејзините многубројни додворувачи.

solo-kralici-3-horoskopski-znaci-koi-ne-sakaat-da-se-omazhat-2.jpg

Водолија

Жената Водолија ја мрази самата идеја за брак, бидејќи се плаши од скршено срце.

Се разбира, ниту човекот што ја сака и кој потполно е отворен кон неа, не може да ги промени нејзините ставови за бракот.

Водолиите сакаат да бидат независни и се грижат за самите себе.

Покрај тоа, често се плашат дека партнерот нема да може да го следи нивното ниво на развој.

solo-kralici-3-horoskopski-znaci-koi-ne-sakaat-da-se-omazhat-3.jpg

Близнаци

Жените Близнаци постојано се загрижени за тоа дали нивните чувства ќе се променат после бракот.

Тоа е и причината зошто тие се обидуваат да се држат што подалеку од него. Понекогаш, претставничките на овој знак сакаат да бидат омажени жени, но дури и тогаш, речиси секогаш се предомислуваат на крајот.

Жената во знак на Близнаци е свесна дека не е лесно да се живее со неа, бидејќи е многу немирна личност. Значи, таа самата себеси се уверува дека нејзиниот брак наскоро ќе биде уништен.

Доколку Близнаците не се заљубени до уши, не очекувајте дека ќе бидат заинтересирани за брак.

solo-kralici-3-horoskopski-znaci-koi-ne-sakaat-da-se-omazhat-4.jpg

 М. А. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Хороскопски знаци кои најуверливо ве лажат (но, имаат добра причина за тоа) Близнаци – кога лажат, тие се мотивирани од нивната емпатија и сочувство и тоа н...
Најлошите карактеристики на секоја мајка, според хороскопскиот знак Кога мајката Вага ќе реши дека детето треба да направи нешто, таа нема да го сме...
Хороскопски знаци во кои се раѓаат најдобрите баби и дедовци Кога баба и дедо родени во знакот Риби ќе научат да го користат својот паметен т...
3 хороскопски знаци кои секогаш мора да се во право кога се во врска Со нив е тешко да се излезе на крај, зашто, колку и да се заљубени и си го сакаа...
Што ве прави убави во очите на другите, според хороскопскиот знак (а, не е поврзано со изгледот)? Вашиот прв инстинкт е да им помагате на другите, дури и кога станува збор за лич...
Хороскопски знаци кои повеќе се приврзани за кучињата, отколку за луѓето Јарците многу често мислат дека другите луѓе може да ги издадат и дека не можат&...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg