Вашиот хороскопски знак открива: Колку е веројатно дека ќе се вратите на бившиот/бившата?
Вага - шансите се 50%
Вагите секогаш пробуваат да разберат дека постои објаснување за секоја ситуација, така да шансите дека можете да ги вратите откако ќе помине некое време се 50%. Тие се големи романтичари, така да ќе пробат да заборават на лошите работи. Само не им давајте голема причина која не би можеле да ја заборават.
Скорпија - најверојатно да
Откако скорпиите ве сакале и ве оставиле, вие сте мртви за нив. Но, сепак постојат неколку знаци со кои скорпиите неможат во потполност да престанат да комуницираат. Рибите и Девиците им се слабост на скорпиите независно колку и да несакаат да им простат нема да можат да издржат. Шансите се дека скорпиите би се вратиле на овие два знаци па дури и ако е само за една ноќ.
Стрелец - не постои никаква шанса
Иако мислите дека стрелците се многу позитивен знак и со сигурност ќе можете повторно да ги придобиете, тие имаат строги морални стандарди. Тие стојат цврсто уверени во нивните одлуки. Дури иако најмногу сакаат да ви се вратат нема да го направат тоа поради нивните принципи.
Јарец - ќе ви се вратат после пробниот период
Да, јарците со сигурност ќе се вратат на бившите, но откако ќе проверат дали сте си ја научиле лекцијата. Тие сакаат да го воспитуваат партнерот и може да ве остават да поминете низ долг макотрпен период, додека да проверат дали навистина сте го промениле она што не го сакаат кај вас.
Водолиите - не ни помислувајте
Водолиите се еден од најстрогите знаци кога станува збор за смирување со старата љубов. Тие најверојатно заборавиле на вас истата минута кога раскинавте. Исто така тие се премногу зафатени и нивниот живот е многу исполен за да размислуваат за вас.
Риби - не, но ќе размислуваат за тоа засекогаш
Рибите се сонувачи, така да иако нема да се смират со бившите, тие ќе мислат на нив целиот живот. Тие префираат да фантазираат затоа што реалноста е многу тешка, па си измислуваат сценарија во нивните глави. Најверојатно ќе помислуваат на вас и ќе мислат што би било ако се смириле многу пати.
А. В. | Црнобело