Какво е влијанието на планетите во астрологијата?
Во астрологијата, да ги знаете планетите и нивниот ефект врз вашиот живот е исто толку важно колку што е да го знаете вашиот хороскопски знак. Планетите влијаат на секој хороскопски знак различно и ако знаете која планета на кој дел од вашиот живот влијае, тогаш полесно ќе го разберете вашиот хороскоп во потполност.
Планетите се поделени во две групи: внатрешни и надворешни планети. Сонцето, Месечината, Меркур, Венера и Марс се познати како лични планети затоа што влијаат повеќе на лични аспекти од нашиот живот.
Надворешните планети се движат многу побавно, и како резултат на тоа тие влијаат на поголеми работи во животот, некои од овие планети се движат до толку бавно околу сонцето што тие може да влијаат еднакво на една цела генерација луѓе.
Сонце - Его
Сонцето преминува во нов знак секој месец, и како лична планета го претставува егото, внатрешноста на личноста, силата на волјата и животната сила. Сонцето ги претставува пошироките потези на нашата личност. Тоа што нè движи во акција. Сонцето е владател над знакот Лав.
Месечина - Емоции
Месечината преминува во нов знак секои два до три дена и ја претставува емотивната природа на хороскопските знаци. Месечината влијае врз нашата потсвест, нашите емотивни реакции на нови ситуации, делот од нас кој е инстинктивен и емотивен, нашите врски со родителите, и болките од детството. Месечината е владател на знакот Рак.
Меркур - Интелигенција и комуникација
Меркур преминува во нов знак секои три до четири недели, и оваа планета влијае врз нашиот рационален ум, нашиот капацитет да ги сортираме информациите во мозокот и да ги пренесеме на други. Има моќ врз нашиот пишан и мисловен збор и нашата љубопитност. Меркур исто така влијае врз нашиот нервен систем и способноста да анализираме. Оваа планета е асоцирана со знаковите Близнаци и Девица.
Венера - Љубов и убавина
Венера преминува во нов знак секои четири до пет недели и е планетата на љубовта, убавината и парите. Во врските, Венера го претставува она што го посакуваме од нашиот партнер за да се чувствуваме сакано. Венера исто така влијае врз работите на кои трошиме пари, што сметаме за убаво, уметноста, храната и комфорот.
Марс - Конфликт и агресија
Марс ги претставува страста, иницијативата и сексуалноста. Во врските Марс е планетата која влијае врз нашите примарни сексуални инстинкти, што можеме да придонесеме во врската и како го добиваме тоа што го сакаме. Марс е скриената страст позади нашите акции и преминува во нов знак секои шест до седум недели, променувајќи го начинот како преземаме иницијатива притоа. Марс е владател на Овните и е една од личните планети кои најбавно се движат.
Јупитер - Среќа, раст и мудрост
Јупитер е планетата која е владател на среќниот Стрелец. Оваа планета ги претставува сите работи кои го опишуваат овој хороскопски знак. Јупитер е планетата на патувањето, потрагата по смисла и вистина. Ги претставува филозофијата, религијата, метафизиката и едукацијата. Јупитер е планетата што не тера да истражуваме, да прашуваме прашања и да бараме одговори. Јупитер е исто така планетата што може да не натера да претераме со нешто. Оваа планета преминува во нов знак секои две то три години.
Сатурн - Дисциплина и предизвици
Сатурн е владател на Јарецот и е планета позната по голема дисциплина. Ова е планетата на правилата, границите, личната одговорност, почит према традиционалните вредности и храброста да се соочиме со нашите стравови. Сатурн ги претставува законите и границите поставени од општеството. Оваа планета ја оформува нашата лична одговорност во тешки времиња. Преминува во нов знак секои две до три години, полека со цел да го научи секој знак како да помине низ потешкотии.
Уран - Иновација и промена
Уран е планетата на Водолиите и таа влијае на иновацијата, нови начини на размислување и револуционерните идеи. Енергијата на Уран се опишува како нешто што се појавува оддеднаш, шокантно слично како и енергијата на знакот Водолија. Таа влијае врз нашата храброст да се издвоиме како вистински индивидуи и ова е планетата што ќе не натера да направиме промена кога ќе сфатиме дека старите начини повеќе не функционираат за нас. На оваа планета и требаат цели седум години да премине во нов знак и ги дефинира идеите на генерации на луѓе додека да премине во другиот знак.
Нептун - Соништа и лечење
Нептун е планетата на Рибите, и оваа планета влијае на влегувањето во несвесните делови на нашиот мозок. Нептун влијае врз нашите соништа и идеали, ги претставува работите кои не се такви какви што изгледаат, работите кои се нереални. Ова е планетата на имагинацијата, конфузноста и илузијата. Нептун преминува во нов знак секои десет до дванаесет години и влијае најмногу врз нашето духовно лечење, но најлош случај може да придонесе да тргнеме кон дрога.
Плутон - Смрт и трансформација
Плутон е планетата на Скорпиите и ја претставува смртта и повторното раѓање. Оваа моќна планета доминира врз драстичните промени кои влијаат многу на вашиот живот. Ги уништува работи за потоа одново да ги создаде. Плутон ќе ги трансформита деловите од вашиот живот на кои им треба регенерација, независно дали тоа сте го барале или не. Секогаш кога ќе почувствувате драматични кризи или кога ќе претрпите некоја тешка болка со цел потоа да заздравите тоа може да биде кривица на движењето на оваа планета. Оваа планета е доста непредвидлива и преминува во нов знак секои дванаесет до петнаесет години.
А. В. | Црнобело