На која плажа треба да уживате летово, според хороскопскиот знак?
Некои сакаат гужви, гласна музика и многу пиење на плажа, додека други би се стуткале во некое ќоше и цел ден би го прележале под сенка.
Дури и летните навики може да се поврзат со хороскопот и хороскопскиот знак, па затоа проверете си:
На која плажа треба да се излежува вашиот хороскопски знак летово?
Овен
Овните се најсреќни кога се во центарот на случувањата и акциите. Сакаат авантури и истражување на плажата на која се наоѓаат. Honokalani Beach на Мауи, Хаваи, е сосема задоволувачки избор. Темниот песок во контраст со зеленилото и тиркизно сината вода дефинитивно ќе ги воодушеви.
Бик
Знаат како да уживаат во животот, па летото и добриот одмор за нив подразбира лежење со коктел во рака, додека сонцето им го гали телото. Arienzo Beach лоцирана на Амалфи е плажа со кристално чиста вода која им е по мерка на Биковите.
Близнаци
Секогаш жедни за предизвик, сакаат спонтаност и новитети дури и кога се на одмор. Waipio Valley Beach на Хаваи дефинитивно ќе ги исполни нивните очекувања. Не е лесно да стигнете до неа, нуди многу предизвици, има вулкански песок и екстремно високи карпи. Тропската клима и бујна вегетација, како и водопадите во близина се доволни за да го задржи вниманието на Близнаците.
Рак
Раковите лесно се нервозни и под стрес, па затоа одморот им треба за да ги наполнат батериите. Им треба природа и удобност, а тоа може да го добијат на Radhanagar Beach лоцирана на островот Хејвлок, Индија. Нереално убав бел песок и тиркизна вода е она на што ќе сведочат.
Лав
Секогаш сака да е во центарот на вниманието, па никогаш не би одбрал плажа која е непозната и дива. Заедно со пријателите и блиските сонуваат за плажа како Playa del Amor на Мариетските Острови на Мексико. Нуди единствено искуство кое потоа може да го раскажуваат со месеци.
Девица
Девиците никогаш не се задоволуваат без голем, помпезен летен одмор. Перфекционисти се по природа, па не можат да си дозволат да одат некаде каде што нема вкусни ресторани и активности кои вреди да се испробаат. Paradise Beach на Миконос е одличен избор за нив. Бич баровите нудат незаборавни коктели – ваше е само да уживате.