На какви типови жени „паѓа“ секој хороскопски знак?
Во минатото љубовната судбина се одредувала со изработка на натална карта која укажувала каков партнер ќе имаш во иднина, а со каков всушност треба да завршиш согласно астролошките карактеристики.
Иако денес за некои ова звучи по малку смешно или радикално, сепак има малку вистина во она што го претскажуваат ѕвездите. Кога некој ве привлекува чувствувате некоја искра во себе и сакате постојано да сте во нивна непосредна близина и да ги запознаете подобро.
Можеби ве привлекува нивниот надворешен изглед, нивниот карактер или нешто за кое немате никаква идеја што е.
Во каков тип на жени се вљубува секој од 12-те хороскопски знаци?
Овен
Силни и независни жени го привлекуваат првиот хороскопски знак. Тој обожава жени кои го без страв го зборуваат она што го мислат и не се плашат од предизвици. Доколку се самореализирани и имаат потенцијал за постигнување успех кој воедно максимално го користат, тоа е прилично добар афродизијак за Овенот.
Бик
Жената која дава поддршка, која е забавна и женствена ќе го зароби вниманието на Бикот. Тој ќе се вљуби од глава до петици во жената која ќе го потресе неговиот свет и рутина, но сепак ќе остане достоинствена и дама.
Близнаци
Овој знак ќе се вљуби силно во жена која се одликува со голема интелигенција, креативност и хумор. Штом еднаш го освои неговиот интерес и продолжи да го изненадува и фасцинира, таа ќе биде неодолива за Близнаците.
Рак
Раковите „паѓаат“ на жени кои имаат одредена доза на невиност во себе и тип на жена која му е или ќе му биде целосно посветена на партнерот. Доколку на некој начин таа е ранета птица, а тој чувствува дека ѝ помага и ја заштитува, Ракот ќе се вљуби неизбежно и силно, со целосна преданост кон неа.
Лав
Лавовите се привлечени од жени кои се комуникативни, полни самодоверба, со еден збор – жени што сакаат да се покажат и знаат како да привлечат внимание. Тие точно знаат каков тип на жени сакаат,со совршена шминка и облека, вајано тело и прекрасна коса.
Но, освен што мора да биде прекрасна таа мора да е и забавна и со успешна кариера.
Девица
„Девојка од соседството“, тоа е типот на жена која ќе ја освои Девицата. Таа е слатка, но некако потценета и многу интелигентна. Разумна е, логична и толерантна кон склопот на мислења на Девицата. Не е премногу емотивна и не ги открива емоциите на секој чекор, бидејќи мажите Девици навистина не го сакаат тоа.