Хороскопот и мајчинството: Каков родител сте или ќе бидете според хороскопскиот знак?
Дали некогаш сте замислувале каков родител ќе им бидете на своите деца? Сметате ли дека ѕвездите и планетите имаат особено важна улога во детерминирањето на вашиот стил на воспитување како родител?
Време е да прочитате каков тип на родител сте предодредени да бидете, според хороскопскиот знак:
Овен
Овните ќе им помогнат на своите деца да бидат амбициозни, но и скромни истовремено. Како типичен огнен знак, страста на Овните ќе ги придвижува децата кон успех. Децата особено ќе ги обожаваат вашите планови за патувања и одмор.
Сепак, вашата тврдоглавост може во одреден момент да му наштети на односот со децата. Не заборавајте дека по природа сте секогаш оној кој ги турка работите нанапред. Но, доколку не сте внимателни, може да ги „гушите“ вашите деца и тие да ве етикетираат скришум како „неподнослив родител“.
Бик
Бикот е нежен, приврзан и љубезен родител. Тој ќе даде сé од себе да го направи домот среќно и безбедно место за своите деца. Биковите особено сакаат да поминуваат многу време дома со семејството.
Овој земјен знак ќе се потруди да ги научи децата сé за планетата на која живееме и важноста да се рециклира и заштитува животната средина. Бикови, вие сте многу потрпеливи родители за разлика од останатите хороскопски знаци.
Но, вашите рокчиња прават истовремено да бидете и многу инаетливи и склони кон кавги. Иако можеби често ќе се расправате со вашите деца, тие секогаш ќе бидат сигурни во вашата родителска верност.
Близнаци
Вие сте импулсивни, забавни и инспиративни родители. Близнаците обожаваат да ги шетаат децата во музеи и забавни паркови, обидувајќи се да ги подготват ментално и физички за светот и животот. Кога децата поставуваат некои незгодни или тешки прашања, Близнаците одговараат со сериозност и многу логика - типична за нив.
Единствениот минус кај вас е што сте непотребно загрижени и нервозни, па кога децата ќе ги повредат вашите чувства, навредата и болката ќе ја скриете длабоко во вас. Сепак, не правате правило од оваа навика и обидете се поотворено да комуницирате со своите деца кога се работи лично за вашите чувства.
Рак
Раковите се традиционални родители. Сакаат да готват за целото семејство, сакаат друштвени игри, заедничко гледање телевизија. Всушност, ги сакаат сите типови на семејни активности, како спорт или делење исто хоби.
Но, понекогаш умеете да ги „удавите“ вашите деца. Немојте премногу да им се мешате во нивните животи. Имате навика да им обрнувате претерано многу внимание, што никогаш не е нормална работа.
Лав
Како и секој горд Лав, така и Лавот родител, постојано ќе се фали со успесите и достигнувањата на своите деца. Секоја награда, секој трофеј и пофалница ќе се дочекува со славење и голема помпа.
Лавовите се попустливи, па генерално ќе им купуваат на децата сé што ќе посакаат. Ќе направат сé за да им ја исполнат секоја желба на своите малечки.
Но, вие умеете да бидете и арогантни кога сакате. Во најлош случај, можно е да ја игнорирате потребата на вашите деца и да ги ставите сопствените потреби пред нивните. И покрај маните, вашите деца ќе ве обожаваат, посебно заради лојалноста и бестрашната заштита која ќе им ја давате.
Девица
Општо познат факт – домот на Девиците е секогаш беспрекорно чист и среден. Тие ќе го изгубат умот ако видат кал на подот или чкртаници на ѕидот со фломастери и мрсни бои. Децата на Девиците од мали ќе научат што значи педантност и одговорност.
Девиците како родители се љубопитни, не се себични и ги почитуваат мислењата на децата. Негативни особини? Пребирливи сте и многу критични. Децата ќе се нервираат поради овие ваши особини, па немојте да се изненадите доколку намерно оставаат валкани чорапи расфрлани насекаде, само за да ве изнервираат и вас.
По малку сте и хипохондрични, па честопати ќе ги носите децата на рутински лекарски прегледи, за секој случај. Сепак, тие ќе знаат дека тоа го правите поради претераната љубов која ја чувствувате кон нив.