Кинески хороскоп: Децата родени во 2017 година имаат особини на мали огнени петлиња
Оваа година според кинескиот хороскоп е годината на Огнениот петел, па сите момчиња и девојчиња родени во 2017 ќе бидат многу љубопитни со жив темперамент. Силната љубопитност и природно вродениот оптимизам се карактеристиките кои ќе ги одбележат новороденчињата во 2017 година.
Во годината на Огнениот петел ќе се родат многу лидери, личности со силни организациски и комуникациски способности. Тие ќе имаат т.н. „цврста рака“ на одлучување.
Како најдобро да се снајдете во улогата на родител на малото огнено петле и како да му помогнете во училиште и односот со другарчињата?
Од најраните денови малите петлиња нема да може да се справат со досадата во ниту еден момент. Поради љубопитноста, оптимизмот и живиот темперамент, децата родени во 2017 уште од најрана возраст ќе покажат подготвеност за добра организација, па дури ќе почнат и да наредуваат на кого која играчка му припаѓа.
Доколку имаат братчиња или сестрички, набрзо ќе станат „судии“ кои при секоја кавга ќе одлучуваат кој е во право, а кој е виновен.
Дружељубивоста е дел од особините кои ги красат малите петлиња, но ќе воочите дека ќе сакаат да бидат со другарчињата тогаш кога тие ќе одберат време, место и тип на дружба.
Затоа е особено важно да ја поттикнете нивната толеранција и да им обрнете внимание на најубавите моменти со нивните другарчиња.
Ќе откриете дека малите родени во знакот на Огненото петле особено ќе ги привлекуваат книгите, енциклопедиите и атласите. Нивната интелектуалност е на прилично високо ниво.
Во училиште ќе бидат примерни и дисциплинирани ученици со врвна концентрација, а сепак подготвени за шеги.
Децата родени во годината на Огнениот петел ќе бидат деца кои го почитуваат распоредот и го разбираат значењето на зборот НЕ. Ќе умеат да се грижат за работите кои ги поседуваат и најчесто сами ќе си ги пишуваат домашните задачи.
Нема да има потреба да се грижите кога ќе ги оставите сами дома, потребно е само да имаат доволно проекти од типот „направи сам“, за да се занимаваат.
Како што ќе растат, огнените петлиња сé повеќе ќе почнат да се интересираат за општествените прашања и ќе сакаат да земат учество во акции од хуманитарен карактер.
Општествените неправди и сиромаштијата особено ќе ги погодуваат, па не треба да се изненадите доколку одберат работа со која ќе им помагаат на послабите и загрозените лица.
Огнените петлиња особено ќе внимаваат на својот изглед уште од мали нозе. Ќе сакаат да ја имаат најубавата фризура и најмодерните алишта на себе.
Кои се негативните особини на малите огнени петлиња?
Изостреното око за детали и перфекционизмот често пати ќе им ги нарушуваат односот со другарчињата и останатите, бидејќи тие бараат максимум од сé. Малите петлиња воедно секогаш ќе сакаат да бидат во право, па ќе ги иритираат пријателите, но и родителите и роднините.
Меѓутоа, генерално нема многу проблеми во одгледувањето на овие дечиња. Потребно ќе им биде многу љубов и внимание, но не им одговарајте на нивното 1001 прашање, туку купувајте им книги.
Засакајте го нивниот ексцентричен шарм, но научете ги на тактичност и толеранција. Почитувајте ја нивната потреба за организираност и ред на нештата, како и нивната интелигенција и независност.
(О)Милена | Црнобело