Љубовен хороскоп за мај 2017: Oвните ќе доминираат над партнерот, Водолиите не помислуваат на емоции

На кого месец мај ќе му донесе доминација, а на кој жртвување за љубовта? Дали ве очекуваат среќни моменти или турбуленции?

ljuboven-horoskop-za-maj-2017-1.jpg

Прочитајте си го љубовното предвидување за мај 2017:

Овен

Ако сте во врска:

Овој месец ќе ви донесе доминација над партнерот. Вашиот партнер ќе биде склон на напнатост и слабости и ќе му треба ваша поддршка. Ќе се потпира на вас, сметајќи дека вие имате доволно моќ и разбирање. Имајте на ум дека тоа што нема да ви возврати со иста мера, не мора да значи дека е себичен и неблагодарен. Погрешното толкување може да ви ги залади односите. Потрудете се да не ги злоупотребувате слабостите на партнерот и не да не замерувате премногу. Во месец мај ви треба само разбирање.

Ако сте сами:

Една личност страствено ќе се заљуби во вас, а ниту вие нема да останете рамнодушни. Иако сте познати по тоа што не сакате да чекате и брзо се решавате на прв чекор, во овој случај ќе бидете трпеливи. Тоа ќе биде знак дека личноста навистина ви значи нешто. Ќе бидете заинтересирани за можни сериозни врски. Некои Овни може да запознаат личност со која активно ќе комуницираат на сите животни теми и ќе откријат дека одлично се согласуваат. Тоа ќе ве привлече и може да се отворите за емотивна, реална врска.

Бик

Ако сте во врска:

Ќе почнете да забележувате работи кај партнерот кои досега сте ги игнорирале. Покажете колку го/ја почитувате и колку сте среќни и емотивно исполнети. Ќе се изненадите од она што ќе го добиете за возврат. Венера ќе минува низ вашето поле на тајни, што ве предупредува да бидете внимателни со тајните врски и криењето на емоции, бидејќи тоа може неповолно да се одрази на односот. Понекогаш може да бидете себични и да се занимавате само со своите задоволства. Внимателно, да не го игнорирате партнерот предолго, за да не дојде до заладување на односите во втората половина на мај.

Ако сте сами:

Ќе бидете привлечени од личност која не е слободна, а симпатиите ќе бидат обострани. Тоа може да ве воведе во тајна емотивна врска. Но, не смее да очекувате многу повеќе од минливи страсти. Другата страна нема да сака многу да менува во животот заради вас, ниту да ја прекине врската. Ако не ви одговара таквиот тип на врска, бидете социјално поактивни за да најдете соодветна личност.

Близнаци

Ако сте во врска:

Овој месец ќе бидете мотивирани и ќе преземате иницијативи. Ќе надокнадите за многу работи кои порано сте ги планирале или сте ги предлагале на вашиот емотивен партнер, но не сте ги исполниле. Тоа ќе го направи вашиот партнер радосен и задоволен. Поминувајте повеќе време во домот. Ќе ви одговараат и излетите во природа. Својата врска ќе ја затоплите доколку предложите квалитетни промени кои и двајцата ги сакате. Добро ќе се разбирате, затоа е важно да се договарате меѓусебно.

Ако сте сами:

Чувствувате потреба да бидете во врска од слободен тип, без посебни обврски. Ќе запознаете личност која е отворена за таква врска и ќе се гледате повремено. Остатокот од времето ќе им го посветите на пријателите. Во втората половина од месецот ќе запознаете нова личност која ќе ви се допадне, па може да се согласите на паралелна врска. Исто така внимавајте на пријателствата да не прераснат во страсни, краткотрајни врски, бидејќи откако страстите ќе поминат, и пријателството ќе замине во заборав.

Рак

Ако сте во врска:

Потребно ќе ви биде партнерот да ве разбере и поддржи, како животот би имал смисла. Во последно време се повеќе се прашувате дали врската ви е станата само навика. На ваша радост, партнерот ќе ги отстрани вашите сомнежи, така што ќе ви покаже дека сте му на врвот на приоритетите. Разговарајте за повеќе заеднички цели. Обидете се да забележите нови квалитети кај партнерот, кои досега не сте му ги кажале гласно.

Ако сте сами:

Ќе ве привлече личност која моментално е со некој друг партнер. Тоа нема да ви пречи да си ги проверите шансите. Ќе ве изненади фактот што ќе бидете отворен/а за флерт и паралелна врска. На почетокот нема да бидете сигурни што и дали сакате, но кога ќе сфатите дека може да уживате само во физичка авантура, ќе се решите да пробате. Нема што да изгубите. Дел од Раковите може да бидат материјално искористени, затоа внимателно.

Лав

Ако сте во врска:

Потребно е да внесете повеќе иницијатива за заеднички активности или заеднички живот. Комуникацијата ќе биде важна ако сакате да се ослободите од недоразбирањата кои ви ја отежнуваат хармонијата. Почестите излегувања и дружења со пријатели и други парови ќе ви одговара и на двајцата. Во втората половина од месецот е важно да вложите многу труд. Ќе се најдете во период кога работите ќе бидат тензични и нема да можете да функционирате складно. Ако се соочувате со многу негативности важно е да останете смирени, за да не дојде до раскинување на врската.

Ако сте сами:

Преку пријател ќе запознаете личност која на прв поглед ќе ви се допадне и ќе сакате да се пробате во врска со неа. На почетокот отворено ќе разговарате и ќе се зближите. Но, кратко потоа работите ќе се искомплицираат, заради што вашиот однос ќе биде неизвесен. Ако не ја надминете кризата, ќе се разминете брзо. Некои Лавови може да почувствуваат последиците од минатите врски или бракови. Најдобро е овој месец да не планирате ништо сериозно.

Девица

Ако сте во врска:

Со голем ентузијазам и сложно ќе тргнете кон остварување на заедничките цели, кои некое време ги одложувавте заради недостаток на време и средства. Ова ќе ја зајакне вашата близина. Неопходно е гласно да го кажете она што го цените кај партнерот и како неговата/нејзината поддршка ви значи. Ако тоа го игнорирате и молчите, може да настанат несогласувања. За да избегнете потешкотии од било каков тип, повторувајте му на партнерот колку ви е важен.

Ако сте сами:

Ве привлекува личност со која се запознавте преку заеднички пријател или заедничко излегување. Продолжете ја комуникацијата, бидејќи чувствувате дека добро се разбирате и имате многу заеднички интереси. На почетокот до месецот ќе може да остварите складна врска, но во втората половина може да откриете дека личноста има задни намери или дека има сомнителен морал. На дел од Девиците ќе им се пружи шанса за сериозна врска, но нема да се чувствуваат доволно подготвени.

Останатите знаци се на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Љубовен хороскоп за јули 2024: Стрелци - мечтаете за забранета љубов, Бикови - монотонија во бракот Близнаци - во јули можна е средба со некој кој живее во странство, а со кого сте...
Хороскопските знаци рангирани според тоа колку се „очајни“ за љубов – Кој се плаши да биде сингл? Раковите не можат да си замислат да бидат сингл, додека за Јарците љубовта не е ...
Еротски хороскоп за 2024: Кој ќе биде склон на афери и прељуби, а кој е опседнат со „сродната душа“? Бик - Ќе сакате да дознаете што е можно повеќе за скриените желби и фантазии на ...
Љубовен хороскоп за јуни 2024: Јарци – Ќе бегате од партнерот, Водолии – Минатото ве прогонува Рак – Јуни ќе ви донесе целосен пресврт на љубовен план и ќе ви стане јасно дека...
Кој е вашиот најсреќен ден во 2024 година, според хороскопскиот знак? Оваа година ситуацијата ќе биде подобра во однос на вашиот љубовен живот, особен...
Најубавото изненадување што ве чека до крајот на годината, според хороскопскиот знак Риби, ќе ја тргнете најголемата пречка до среќата во вашиот живот. Односно, ќе с...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg