Најголемите манипулатори во Зодијакот кои ќе ви го загорчат животот
Тие умеат одлично да лажат кога сакаат и добро да ве изманипулираат. Мајстори се за пасивно-агресивни игри. Покрај нив може да се почувствувате како и вие излегувате беспомошно надвор од контрола.
Тие можат најдобро да се самозаштитат од сите останати хороскопски знаци. Сакаат да ги држат сите работи под контрола, сите конци во своите раце и да би ја имале моќта би ја искривувале и обликувале реалноста онака како што само ним им одговара.
Кој ако не заводливите магнетни Скорпии?
Скорпиите се во принцип искрени, но кога еднаш ќе ги прејдете заборавете на нивното пријателство. Всушност, направете место за нивното непријателство.
Не простуваат, не забораваат и ќе го искористат секое можно оружје во нивниот арсенал за да се чувствувате мизерно. Кога сте на дното, ќе ве доклоцаат. Безмилосни, перфидни и ужасно цинични се кога се лути или изневерени.
Затоа, најдобро имајте ги во кругот на блиски пријатели. Во тој случај имате верен и лојален заштитник кој ќе стори се за вас. Моќни се, решителни и многу самоуверени. Она што најмногу треба да го знаете е дека Скорпијата не можете да ја промените. Таа попрво ќе се самоизеде отколку да се промени.
(О)Милена | Црнобело