Вистини кои мора да ги знаете ако сте заљубени во Риби
Никој никогаш не рекол дека е лесно да сакаш Риба.
Ако сте во врска со припадник на овој знак или имате фрлено око на личност родена како Риба, овие работи задолжително мора да ги знаете пред да направите било што:
1. Бараат вистинска љубов
Рибите сакаат да се чувствуваат сакано и обожувано, иако тоа нема директно да ви го признаат. Врската со нив не подразбира само делење на креветот и домот, туку и длабоко духовно поврзување.
2. Посветени се
Од сите знаци, Рибите се најромантични и најгрижливи. Тие ја искажуваат својата наклонетост со прекрасни романтични и елегантни гестови, искажувајќи ја и својата креативност. Рибите дозволуваат срцето да ги води и да зборува наместо умот.
3. Интуитивни се
Рибите секогаш го слушаат својот инстинкт и лесно може да почувствуваат кога нешто не е како што треба. Ако имате лош ден или синоќа сте заглавиле и не сакате да откриете за да не западнете во неволја, подобро ви е да не ги лажете - бидејќи на крајот секако знаат.
4. Страствени се
Нивната сексуалност е романтична и мистична. Една од работите која може да ги извади од ова расположение е грубоста, бидејќи никако не ја сакаат во комбинација со страста. Сексот со Рибата е интимен, но со голем потенцијал да ви го заврти умот.
5. Длабокоумни се
Разбирањето и комуникацијата со Рибите ќе ве води по завиени патишта и нејасни мисли, а тоа понекогаш може да биде тешко.
6. Великодушни се
Рибите се познати по својата неодлучност. Но, кога сте со нив мора да знаете и дека се великодушни и дека ќе се жртвуваат за по секоја цена да бидете среќни.
7. Потребно им е време за себе
Понекогаш кога работите ќе станат напорни, Рибите ќе гледаат да ги избегнат сите луѓе во својот живот. Заради изразената емотивност, стресот за нив понекогаш знае да биде исцрпувачки, па затоа потребно им е бегство само во свое присуство и ничие друго. Важно е да им бидете поддршка кога ќе решат да се сокријат.
8. Ја почитуваат едноставноста
Рибите уживаат во простите задоволства. Да, ги сакаат пријателите, но не сакаат гужви и големи собири. Да, сакаат романтични состаноци, но не сакаат скапи ресторани.
9. Сонувачи се
Рибите обожаваат да поминуваат време во облаците и последна работа која сакаат да ја направите е да им ги разбиете фантазиите. Рибите можат да живеат во две реалности во исто време без никакви проблеми и тоа допринесува за нивната креативност и инспирација. Ако некогаш помислите да им кажете да се спуштат на земја, имајте на ум дека тоа може да ги уништи.
10. Лојални се
Рибите ретко кога ја напуштаат врската во која се, па наместо тоа се адаптираат на промените во неа.
М. Д. | Црнобело