На што сè се подготвени хороскопските знаци за својот партнер?

na-shto-se-se-podgotveni-horoskopskite-znaci-za-svojot-parnter-1.jpg

Вага

Вие сте подготвени, во име на љубовта, да ѝ кажете збогум на гордоста, бидејќи вам не ви вреди достоинството, ако покрај себе ја немате саканата личност.

За среќа, вашите вродени дипломатски способности ќе ве спасат од потенцијалните понижувања, а вие ќе ѝ докажете на личноста која ја сакате дека сте подготвени да направите сè за да ја направите среќна.

А, подготвени сте и на солзи и на жртви, посебно ако настанат недоразбирања.

Скорпија

Вие можете и умеете сè да направите, посебно за личноста која ја сакате со сето срце и сета душа и не ви е важно дали партнерот тоа ви го возвраќа со иста мера, бидејќи според вас, љубовта не се мери.

Или постои или не постои - средина нема, па не тактизирате, туку подготвени сте да направите сè за саканата личност да биде задоволна.

Подготвени сте дури и вродената потреба за дипломатија да ја ставите во втор план.

Стрелец

Иако на прв поглед не делува така, вие сте подготвени да се откажете од многу работи, доколку е  потребно на партнерот да му ја покажете својата љубов.

Кога личноста која ја сакате има проблеми, подготвени сте молскавично да реагирате за да ѝ помогнете.

Никогаш не зборувате однапред, ама секогаш наоѓате одлично решение како да ѝ помогнете.

Јарец

Многумина вас ве доживуваат како воздржана личност која е скржава со емоциите, но тоа всушност е една голема лага.

Доколку личноста која ја сакате има некаков проблем или евентуално, има некаква потреба, подготвени сте да се распространите како тепих само за да ја задоволите личноста која ви се допаѓа.

Повеќе работите, отколку што зборувате за решавањето на проблемите, а за возврат, не очекувате благодарност.

Водолија

Поупорни сте и потврдоглави отколку што некој би можел да помисли, па за саканата личност подготвени сте да отпатувате и до крајот на светот.

Ако вие сте ги предизвикале проблемите во врската, никогаш нема да се откажете од борбата да ја вратите наклоноста на партнерот.

Иако сте суетни, таа особина ја потиснувате, бидејќи поважна ви е среќата на саканата личност.

Риби

Рибите се мајстори да направат конфузија од својот емотивен живот, но подеднакво се подготвени и да го вратат балансот во врската.

Тајната е во тоа што Рибите го прават тоа ненаметливо, упорно, без откажување и подготвени се да бидат покрај саканата личност деноноќно.

Тогаш кога мислите дека дошол крајот, магично успевате да пронајдете излез од тунелот, иако не ви е јасно како.

Н. Г. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Хороскопските знаци рангирани од најдобриот до најзлобниот Близнаците се наоѓаат на средина – не се многу добри, но не се ни многу лоши и с...
Хороскопските знаци рангирани според тоа колку се „очајни“ за љубов – Кој се плаши да биде сингл? Раковите не можат да си замислат да бидат сингл, додека за Јарците љубовта не е ...
Една работа со која несвесно си ја саботирате среќата во љубовта, според хороскопскиот знак Близнаци, вашата неодлучност ви создава многу проблеми, особено кога станува збо...
Најголемата грешка што ја правите во љубовта, според вашиот месец на раѓање Ако сте родени во месец март, тогаш треба да научите себеси да се цените повеќе....
Кој нордиски бог ве опишува најдобро, според хороскопскиот знак? Близнаци, вие сте најслични со итриот Локи. Како него, вие сте непредвидливи и б...
Што ве прави убави во очите на другите, според хороскопскиот знак (а, не е поврзано со изгледот)? Вашиот прв инстинкт е да им помагате на другите, дури и кога станува збор за лич...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg