Кој негативец на Дизни сте според месецот на раѓање?
Негативците од Дизниевите цртани филмови нѐ научија дека на патот до среќата, ќе се среќаваме и со такви кои ќе ни го попречуваат, но на крај ќе бидеме посреќни. Дизниевите негативци се целосно допадливи, полни се со енергија, идеи, но и моќ.
Иако ги прават злочестите работи, многу нивни карактеристики ги поседуваме и ние, луѓето.
Ние ќе ви кажеме зошто би биле тој карактер според месецот на раѓање, а вие кажете ни дали сме во право.
Јануари – Круела Де Вил (101 Далматинец)
Имате одлични модни погодоци и тоа е ваш заштитен знак, но имате и проблеми да ги сфатите потребите на другите луѓе во вашиот живот.
Февруари – Урсула (Малата сирена)
Имате голема самодоверба, што е одлично, но скоро секогаш го сакате тоа што го немате и тоа ви создава проблеми и главоболки.
Март – Кралицата на срцата (Алиса во земјата на чудата)
Вие сте личност која точно знае што сака, но имате и многу „краток фитил“ и имате тенденција да претерувате кога работите не се така како што сакате вие.
Април – Џафар (Аладин)
Вие сте многу паметни и многу луѓе ви веруваат. Во меѓувреме, правите работи позади грб на луѓето и тоа ве носи во неволја.
Мај – Лошата кралица (Снежана и седумте џуџуња)
Најубави сте од сите, тоа ветуваме, но не сакате конкуренција и сте многу љубоморни на други луѓе, за кои мислите дека ви се закана.
Јуни – Малефисент
Вие имате неизмерна страст, но сеете страв и воопшто не сакате кога сте запоставени.
Уште 6 месеци на следната страна...