5 најфатални жени во хороскопот

5-najfatalni-zeni-vo-horoskopot-01

Природна убавина, нескротлив дух и посебен карактер. Дамите во овие хороскопски знаци едноставно знаат како да го одушеват секој оној кој случајно или намерно ќе се најде во нивно друштво.

Овен

Женските припаднички на овој знак главно имаат спортска градба, делуваат силно и имаат изразени црти на лицето. Често ќе се најдете во ситуација да запознаете маркантна убавица со темен тен и светли очи или преубава бринета со совршена става. Нивниот изглед е во согласност со силната и енергична личност карактеристична за овој знак, а нивната свиленкаста кожа ќе нарави засекогаш да се сеќавате на тие допири.

Лав

Силни, грациозни и често со спортска градба, Лавиците пленат без компромис. Нема да ви биде потребно многу време да најдете Лавица со совршени нозе, чиј изглед и држење ќе ве остави без зборови. Сакаат да се облекуваат модерно и секогаш ги следат трендовите. На Лавиците можеме да им препишеме многу таленти а природната убавина и шармот никогаш не престануваат да ги восхитуваат мажите. Ако мислите дека овде станува збор за просечна убавина сте се излажале! Нив лесно ќе ги препознаете меѓу многуте, бидејќи освен споменатата убавина, нивниот стил на облекување и животот ретко кој ќе го остави рамнодушен.

Скорпија

Дури и кога се слаби, Скорпиите се со прилично силна градба. Убави нозе, широки раменици, впечатливо лице со сензуална уста и продорни очи се карактеристиките кои ги красат припадничките на овој знак. Тие најчесто имаат преубава смеѓа и густа коса. Скорпиите сакаат да се средуваат, но нивниот истенчен вкус никогаш нема да допушти да потфрлат во тоа. Нивната убавина секогаш е над просек, а покрај мажите ги обожуваат и децата. Оној кој маж кој Скорпијата искрено ќе го засака, навистина може да се смета себеси за вистински среќник.

Стрелец

Девојките во знакот на Стрелец со својата просечна висина и спортска градба како да имаат природен талент за истакнување. Често се со убаво и по малку долгнавесто лице, високо чело и изразени светли очи. Сакаат да се облекуваат спортски и едноставно, но нема да потфрлат ниту тогаш кога од нив се очекува да блеснат во полн сјај. Тие тоа ќе го направат на прав начин и со умерена доза на луцидност. Секогаш оригинални, лесно ќе го украдат сечие внимание. Лесно ќе ги забележите на некоја забава бидејќи во мноштвото девојки нивниот шарм и убавина едноставно зрачат секогаш кога тие добро се забавуваат.

Водолија

Отровот се чува во мали шишенца. Водолиите се обично со средна висина или ниски. Имаат преубаво заоблено лице и посветол тен. Обично имаат мали дланки и стапала, но и убаво обликувани нозе. Очите им се нежни, а погледот бистар и искрен. Имаат убави и меки, крупни усни. Водолиите не придаваат големо значење на гардеробата, бидејќи знаат дека гардеробата нема да биде важна кога ќе решат да го освојат својот избраник. Водолиите се често природно надарени со женски атрибути и го оставаат спротивниот пол без здив.

М. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Најлошите карактеристики на секоја мајка, според хороскопскиот знак Кога мајката Вага ќе реши дека детето треба да направи нешто, таа нема да го сме...
Хороскопски знаци кои најуверливо ве лажат (но, имаат добра причина за тоа) Близнаци – кога лажат, тие се мотивирани од нивната емпатија и сочувство и тоа н...
3 хороскопски знаци кои секогаш мора да се во право кога се во врска Со нив е тешко да се излезе на крај, зашто, колку и да се заљубени и си го сакаа...
Хороскопски знаци во кои се раѓаат најдобрите баби и дедовци Кога баба и дедо родени во знакот Риби ќе научат да го користат својот паметен т...
Што ве прави убави во очите на другите, според хороскопскиот знак (а, не е поврзано со изгледот)? Вашиот прв инстинкт е да им помагате на другите, дури и кога станува збор за лич...
Хороскопските знаци рангирани според емотивната стабилност (Скорпиите се цврсти како карпа) Бик – Како типични претставници на земјените знаци, Биковите секогаш се приземни...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg