Хороскопски знаци што со еден поглед ви го заробуваат срцето (Девицата ви продира во душата)

Близнаци – Имате чувство дека во нивните очи може да се огледате.

horoskopski-znaci-shto-so-eden-pogled-vi-go-zarobuvaat-srceto-devicata-vi-prodira-vo-dushata-01.jpg

Познато е дека секој претставник на хороскопските знаци има одредени карактеристики на изгледот по кои се одликува, а според астролозите претставниците на овие 4 хороскопски знаци се одликуваат со магнетски привлечен поглед.

Кога ги гледате во очи, имате чувство дека им ја гледате душата и не можете да останете рамнодушни.

Кои се тие?

Рак

Раковите често имаат убав израз, а обликот на очите им е нежен и елегантен како на срна.

Пред да ве запознаат, често ќе го кријат погледот, но кога ќе ве погледнат ќе имате чувство дека гледате во два базени исполнети со кристално чиста вода.

Тоа се искрени луѓе, коишто се водени од емоциите и најважно им е совеста да им биде чиста.

Заради тоа, најчесто Раковите се директни, искрени, но и скромни.

Кога ќе ги погледнете во очи, во нив ќе ги видите нивните силни емоции со кои веднаш ќе ве освојат.

Дополнително, никој не може да одолее на нивната позитивна енергија и насмевката која може да ви го разубави и најтешкиот ден.

Девица

Каде и да се појават, Девиците го привлекуваат вниманието.

Сјајот во нивните очи и позитивната енергија совршено ја прикриваат нивната сериозност и фокусираност на деталите.

Кога ќе се сретнете со Девица, имате чувство дека таа ви продира во душата и ги открива вашите најскриени тајни.

Тоа е така затоа што овие луѓе се постојано во потрага по напредок, нови контакти и познанства, а моќта да ве хипнотизираат со поглед и да ги забележат и најмалите ситници, совршено им оди во прилог.

Близнаци

Важат за привлечни личности со очи од коишто не можете да го тргнете погледот.

Сепак, понекогаш може да ви изгледаат премногу сериозни, или меланхолични.

Но, кај нив најпривлечни се страста и интензитетот на погледот.

Имате чувство дека во нивните очи може да се огледате, а со еден поглед може да ви покажат како се чувствуваат.

Без разлика на бојата на очите, често ви се чини дека нивниот поглед нешто крие, па нема да ви дадат мир, додека не откриете што е тоа.

Риби

Тие имаат нежен и заводлив поглед кој ве смири и прави да се вљубите во нив.

Кога ги гледате, заборавате на сите проблеми и резерви и имате чувство дека срцето ви потскокнува.

Кога Рибите ве гледаат, се чувствувате како да сте единствената и најважната личност на светот, а во нивните очи можете да ја видите чистината и искреноста на нивната душа.

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Најлошите карактеристики на секоја мајка, според хороскопскиот знак Кога мајката Вага ќе реши дека детето треба да направи нешто, таа нема да го сме...
Една постапка со која веднаш ќе ја загубите довербата кај секој хороскопски знак (и зошто) Бик - Ако им дадете ветување, а потоа не го остварите, подобро е воопшто да...
Хороскопските знаци рангирани од најдобриот до најзлобниот Близнаците се наоѓаат на средина – не се многу добри, но не се ни многу лоши и с...
Што ве прави убави во очите на другите, според хороскопскиот знак (а, не е поврзано со изгледот)? Вашиот прв инстинкт е да им помагате на другите, дури и кога станува збор за лич...
6 хороскопски знаци чија добрина ја злоупотребуваат другите Итрите и себични луѓе знаат колку Биковите се лесни за манипулација, па често ја...
Хороскопски знаци кои најуверливо ве лажат (но, имаат добра причина за тоа) Близнаци – кога лажат, тие се мотивирани од нивната емпатија и сочувство и тоа н...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg