Хороскоп: Паѓате ли на убавина

Шампион за убавина и естетика е Вагата. Имаат око како детектор и можат да ги проценат луѓето со стил. Сакаат покрај себе личност која изгледа убаво и секогаш се труди околу изгледот.

horoskop-dali-pagjate-na-ubavina-01.jpg

Со слични карактеристики се и Лавот и Девицата. Лавот прв паѓа на луѓе со добар изглед, реагира на класична, вечна убавина обоена со сексипил, додека Девиците пак сакаат посталожени личности, интелектуалци и уредни девојки/дечки.

Стрелците се познати по уживањето во животот, па така и ги регистрираат припадниците на спротивниот пол. На нив им се важни и карактерот и авантуристичкиот дух.

Водолијата сака егзотични ликови, припадници на друга раса и поднебје.

Бикот е оној кој најмногу сака шармантни личности, изразито машки особини и облини кај жените, расна и вистинска убавина.

Скорпијата е трагач која не ја интересира убавината - повеќе сака партнер кој ќе ја забавува. Овенот исто не е заинтересиран за убавината: ако некој изгледа прекрасно, а е празен во душата - нема воопшто ни да го погледне.

Рибите имаат свои стандарди за убавина - често ги заинтригираат луѓе кои се далеку од идеални, кои ќе предизвикаат вибрации кај нив.

Јарецот дури и се плаши од совршени луѓе и секогаш е внимателен со нив. Тој сака нормална, природна, атрактивна личност.

Раковите сакаат убави партнери, но маните ги сметаат за симпатични. За цврста врска пресудна им е емотивноста.

Близнаците ретко паѓаат на убавина. Повеќе го ценат односот и комуникацијата. Сепак не одолеваат на згодни и шармантни заводници.

Би можело да ве интересира:

Астро ќоше: Зошто е уште сингл секој хороскопски знак? Бикот уште е заљубен во бившиот/бившата. Зошто другите хороскопски знаци се уште...
Хороскопски знаци кои најуверливо ве лажат (но, имаат добра причина за тоа) Близнаци – кога лажат, тие се мотивирани од нивната емпатија и сочувство и тоа н...
Најлошите карактеристики на секоја мајка, според хороскопскиот знак Кога мајката Вага ќе реши дека детето треба да направи нешто, таа нема да го сме...
Како реагира секој хороскопски знак кога е гневен (и како да научи да се контролира)? Риби – Тие се мирољубиви луѓе кои не можат лесно да се справат со своите негатив...
3 хороскопски знаци кои секогаш мора да се во право кога се во врска Со нив е тешко да се излезе на крај, зашто, колку и да се заљубени и си го сакаа...
Хороскопски знаци во кои се раѓаат најдобрите баби и дедовци Кога баба и дедо родени во знакот Риби ќе научат да го користат својот паметен т...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg