Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


5 идеални професии за луѓето родени во знакот на Бик

Од 20-ти април, започнува периодот на Биковите. Покрај тоа што хороскопскиот знак се карактеризира со упорност и истрајност, Биковите се и прилично лојални, трпеливи и многу дарежливи.

5-idealni-profesii-za-lugeto-rodeni-vo-znakot-na-bik-01.jpg

Во колоната на негативни особини пак се впишани тврдоглавост, мрзеливост и посесивност.

Биковите уживаат во луксуз и материјални работи, хедонисти кои го сакаат животот и не сопираат се додека не ја постигнат својата замислена цел.

Биковите се перфектно независни. Сакаат да ги прават работите на свој начин, а ова се петте идеални професии за вториот хороскопски знак:

1. Директор

Биковите се богови на бизнисот. Особено се истакнуваат онаму каде што се бараат исклучителни менаџерски способности. Работат напорно, но внимателно. И вработените и оние на повисока хиерархиска функција над нив, знаат дека секогаш може да се потпрат на Биковите како работодавачи и работници. Брзо напредуваат и особено ги мотивираат дополнителни бонуси.

2. Готвач

Биковите имаат изострено непце за убава храна. Тие го сакаат најдоброто од најдоброто. Со оглед на трпението кое го поседуваат, совршеното аранжирање на храната не претставува никаков проблем. Бидејќи сакаат конкуренција, без сомнеж чиниите сервирани од страна на готвачот бик ќе бидет вистински деликатеси – богати, вкусни и примамливи.

3. Политичар

Чесни и интуитивни, биковите можат лесно да го проценат јавното мислење и да им помогнат на малите и големите заедници во постигнување на одредена цел. Тие се конструктивни и практични и ќе работат неуморно за да постигнат баланс во буџетот. Особено се ориентирани кон области како образование, уметност и култура. Без сомнеж, Бикот политичар влева сигурност, има  одлични способности за тимски играч и предизвикува почит кај толпата со своите ораторски способности.

4. Банкар

Биковите умеат да располагаат со пари. Се чувствуваат удобно во нивното опкружување и се прилично остроумни во сферата на финансиите. Без разлика дали се на позицијата директор или благајник, или пак можеби започнуваат свој сопствен бизнис, за нив не постои терминот лоша економија.

Одлични консултанти се кога станува збор за финансиски прашања.

5. Архитект

Проектирањето и изградбата на објекти вистински ќе ја исполнат потребата за методолошки пристап и планирано работење кај Биковите. Имаат чувство за создавање оригинален дизајн, истовремено фунционален и безбеден. Талентиран и наоружан со доволно трпение, Бикот може да биде одличен архитект, минимализирајќи го стресот од работата со слободно време исполнето со омилените активности.

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Годишен хороскоп за 2025-та: Близнаци Близнаци најважен љубовен совет кој треба да го запомните за 2025-та е да слушат...
Еротски хороскоп за 2025 година: Кој ќе се фокусира на задоволството, а кој на емоциите? Што ве очекува во 2025 година кога се во прашање љубовта и интимните односи? ...
Колку е интуитивен секој хороскопски знак? Бик: Интуитицијата на моменти може да го збуни Бикот. Припадниците на овој знак ...
Љубовен хороскоп за јули 2024: Стрелци - мечтаете за забранета љубов, Бикови - монотонија во бракот Близнаци - во јули можна е средба со некој кој живее во странство, а со кого сте...
Хороскопските знаци рангирани според тоа колку паничат кога се под стрес Водолиите се дистанцираат од стресните ситуации со цел да се справат со нив. Мож...
Три најсреќни датуми во август 2024 - носат успех и просперитет за секој хороскопски знак 28 август, денот кога завршува ретроградниот Меркур (ќе почне на 5 август), е ед...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg