Љубовна нумерологија: Со каква личност сте во врска?

ljubovna-numerologija-so-kakva-licnost-ste-vo-vrska-1.jpg

Решение:

Број 1

Овие личности љубовта ја анализираат рационално, промислено и се потпираат на својот интелект. Тешко е да ги задоволите. Ако од нив очекувате да бидат мирни и „послушни“, сè што ќе добиете е одбивност и агресивност. Со нив морате да бидете внимателни и морате доволно да ги мотивирате, бидејќи често се склони на изневерување, ако врската им стане досадна и монотона.


Број 2

Овие личности се пребирливи. Сакаат практични и интелигентни луѓе покрај себе. Често се водат од материјалното, па знаат да одберат личност која може да им овозможи удобен живот. Со нив речиси е невозможно да влезете во расправија, бидејќи се мирни. Ако искрено сакаат, тие се посветени и пожртвувани.


Број 3

Пред сè сакаат искрено пријателство. Тек тогаш кога ќе можат да се релаксираат во врската се покажуваат во вистинско светло. Нивната љубов се темели на почитување и целосна доверба во партнерот. Сите проблеми сакаат да ги решаваат со отворен и искрен разговор.


Број 4

Овие личности сакаат долги и стабилни врски. Го сакаат бракот и често знаат многу рано да стапат во истиот. Во животот знае да им се случи да одберат погрешен партнер. Во љубовта понекогаш знаат да бидат здодевни и да не се препуштаат на фантазиите. Мирниот живот и стабилниот однос им претставуваат единствени цели и подготвени се на компромиси.


Број 5

Овие личности се во потрага по љубов која ќе им трае целиот живот. Секоја лага длабоко ги повредува и тешко ја забораваат. За нив вистинската смисла на животот е да пронајдат љубов. Кога ја немаат - како да не се живи. Маани во односите им се незрелоста и желбата за слобода.


Број 6

Луѓе кои се склони кон промени. Не се за долготрајна врска и постојано се во потрага по соодветен партнер. Знаат да бидат многу меки и чувствителни, но затоа, секогаш имаат потреба да најдат нешто подобро. Често знаат да остварат длабока и долготрајна врска дури во зрелите години.


Број 7

На овие личности животот им поминува со бројни љубовни врски. Уживаат во авантури и флертување. Многу од нив, во текот на животот, имаат и по неколку бракови. На животот и љубовта им пристапуваат активно, па постојано се во потрага по нови возбудувања. Често им се случува да не забележат разлика меѓу љубовта и страста.


Број 8

На овие личности љубовниот живот им се одвива преку постојана акција, промени и повеќе бракови. Желбата за разновидност, постојано одложување на животните одлуки и сериозните животни прашања ги следи во текот на целиот живот. За некои, вистинската, долготрајна љубов знае да се случи после 40-та година.


Број 9

Овие личности во младоста тежнеат да имаат врски со постари луѓе. Секогаш се наоѓаат на работ на раскрсница, некоја противречност и не можат да се одлучат што да прават. Сакаат необични и ексцентрични луѓе покрај себе. Често се разочаруваат, но многу бргу забораваат и простуваат.

Н. Г. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Каков погрешен прв впечаток остава секој хороскопски знак за себе? За некого на прва имаме впечаток дека е намќор, за друг дека е љубоморен, а за т...
Што ви создава „пеперутки во стомакот“, според хороскопскиот знак? Јарец – Ако им пратите 100 пораки, нема да им предизвикате возбуда и „пеперутки ...
Кој нордиски бог ве опишува најдобро, според хороскопскиот знак? Близнаци, вие сте најслични со итриот Локи. Како него, вие сте непредвидливи и б...
Најубавото изненадување што ве чека до крајот на годината, според хороскопскиот знак Риби, ќе ја тргнете најголемата пречка до среќата во вашиот живот. Односно, ќе с...
Пет работи што секој хороскопски знак ги сфаќа предоцна во животот, па потоа се кае За кои пет работи може да се каете подоцна во животот, ако не промените нешто ка...
Единствениот начин на кој секој хороскопски знак прифаќа раскинување на врска Близнаци - Близнаците се одлични дипломати, па ќе пробаат да преговараат со вас ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg