3 опасни хороскопски парови – моќни, но осудени на пропаст
Јарец и Скорпија: Со нивната моќ можат да изградат империја и за еден миг да ја срушат. Нивната врска може да се претвори во бојно поле, одбележано со манипулација, умствени игри, опсесија и тајни.
Сте забележале ли дека кога сте во друштво на одредени луѓе или парови, постојано атмосферата е тензична, како да се пуштени во оган?
Очекувано, ова има поврзаност со хороскопските знаци.
Доколку две личности со силни карактеристики според хороскопскиот знак се спојат, тоа речиси секогаш завршува експлозивно.
Овие парови може заедно да изградат империја со нивната моќ, но може и деструктивно да си влијаат.
Погледнете кои 3 парови во хороскопот се најопасни:
Лав и Овен: Пожар од страсти
Кога гордиот, темпераментен и драматичен Лав, ќе дојде во близина со Овенот, кој има краток фитиљ, резултатот е нестабилно партнерство.
Двата знака се водени од нивната огнена енергија, храбар став и мислењето дека нивниот начин е најдобар.
Оваа комбинација може да доведе до врска полна со возбуда, авантури, адреналин и меѓусебно воодушевување.
Но, овие квалитети може да бидат и негативни. Лавовите и Овните имаат силно его и желба за доминација.
Кога две толку моќни сили ќе се соединат, нивната борба за лидерство, детинестото однесување и зборувањето со вжештена глава, може да донесе до експлозивни кавги и натпревар.
Така, со тек на време ова заедништво ќе стане потенцијално опасно.
Јарец и Скорпија: Интензивна игра на моќ
Јарецот е познат по својата компулсивност и жедта за моќ, додека пак Скорпијата, која е предводена од планетата на деструктивноста и трансформацијата, е интензивна, одмазднички настроена и злопамтило што држи лутина.
Па, кога овие два знака ќе се поврзат, врската може да биде малку злокобна и многу комплексна.
Сепак, двата знака се многу лојални, посветени и стратешки размислувачи – заедно може да создадат моќно дуо кое ќе освојува сè пред себе и ниту еден предизвик нема да им го спречи патот до успехот.
Но, опасноста лежи во песимистичкото размислување и стравот од губење контрола. Негативното размислување во комбинација со одбивањето да признаат пораз може да уништат цела империја со само еден потег.
Нивната врска може да се претвори во бојно поле, одбележано со манипулација, умствени игри, опсесија и тајни.
Рак и Риби: Вртлог од емоции
Два водени знаци, кои се емоционални длабоко до срж и тоа им помага да ценат меѓусебна грижа и да имаат емпатија.
Тие го сакаат она што срцето им го бара, па затоа не се толку добри кога ќе се спојат, бидејќи кога ќе ја покажат својата ранливост еден пред друг, лесно е да западнат во катастрофален круг на променливи расположенија и неконтролирани емоции.
Двајцата може да бидат пресензитивни, да се зависни еден од друг, да живеат во фантазерски свет и да си влијаат токсично еден на друг кога ќе ги понесат сите емоции.
M. M. | Црнобело