Финансиски хороскоп за јули 2024: Кои знаци ќе се збогатат, а кои ќе имаат проблеми со парите?
Овен - Овој месец парите ќе ви бидат на прво место, а ќе ви бидат поважни дури и од семејните односи. Фокусирани сте на тоа како да заработите што е можно повеќе за пократко време.
Јули 2024 носи финансиски промени за повеќето хороскопски знаци. Па така, месецов едни ги очекува добивка, но други ќе мачат мака со парите.
Во која група сте вие?
Кои хороскопски знаци ќе имаат финансиски проблеми, а кои ќе се збогатат овој месец?
Овен
Овој месец парите ќе ви бидат на прво место, поважни ќе ви бидат дури и од семејните односи. Фокусирани сте на тоа како да заработите што е можно повеќе.
Ќе размислувате за инвестиции, а пари може да ви дојдат и од спорт, можеби преку обложување на некаков натпревар.
Ако очекувате пари од наследство, може да ги добиете до крајот на месецот.
Бик
Месецов ќе мора да вратите некој долг кој го „влечете“ од минатото, на кој можеби сте заборавиле или, едноставно, сте решиле да се преправате дека не постои и дека не сте зеле пари од никого.
Внимавајте што потпишувате ако имате приватен бизнис, еден погрешен договор може значително да ви ја влоши финансиската состојба.
Овој месец пари може да добиете од некој од семејството или од хонорарна работа, а парите најмногу ќе ги трошите за дома.
Близнаци
Овој јули ќе остварите поголема заработка од вообичаено, а во тоа ќе ви помогне помлада женска личност.
Но, заработените пари брзо ќе ги потрошите и тоа на уживање, на храна или на некое патување.
Некои Близнаци ќе решат да побараат нова работа или ќе се изборат за ново работно место во компанијата во која што се, но кое ќе биде подобро платено од досегашното.
Рак
Во текот на целиот месец ќе имате прилив на пари и тоа од малите дополнителни активности, а кои не се поврзани со вашата примарна работа.
Доколку не сте вработени и активно барате работа, постои реална шанса да најдете добро платена работа поврзана со вашето хоби, а не со дејноста за која се школувавте.
Пред крајот на месецот некои Ракови ќе имаат поголем неочекуван трошок, а кој може да биде поврзан со покана за свадба, роденден или крштевка.
Лав
Месецов не ги откривајте своите деловни планови пред другите, дури ни пред блиските, барем додека не сте сигурни дека бизнис идејата што ја имате (или реализирате) е навистина профитабилна.
Пари ќе ви дојдат од неколку страни, некои дури и неочекувано.
Но, ако имате приватен бизнис или работите во семејна фирма, внимавајте не само на личните финансии, туку и на деловните, бидејќи поради ваш пропуст може да настанат големи проблеми, а вие да сте тие што ќе мора да платите за грешката.
Девица
На почетокот на јули можно е да добиете позајмица од некои пријатели, но имајте предвид дека треба да ги вратите парите, па искористете ги навистина за она што ви требаат, а не за луксузирање.
Некои Девици не се задоволни од платата, па пред крајот на месецот ќе решат да побараат покачување.
Овој месец најдобро потрошени пари ќе ви бидат оние кои ќе ги дадете за патување.