4 хороскопски знаци кои бегаат од љубов и сериозни врски
Јарците мислат дека интензивните емоции, како љубовта, само непотребно ќе им го искомплицираат животот, па бегаат од нив.
Додека некои луѓе сонуваат да ја најдат својата сродна душа и да изградат живот со неа, други како да бегаат од љубов и врски.
Дали бидејќи им е страв да бидат ранливи или мислат дека љубовта само го комплицира животот, тие, едноставно, сметаат дека се посреќни кога се сами.
Четири хороскопски знаци кои спаѓаат овде:
Близнаци
Близнаците подобро би воделе интелектуални и длабок разговори, отколку да ги споделуваат нивните чувства.
Емоционалната интимност воопшто не им е јака страна.
Напротив, поради нивната чувствителност, особено им е тешко да бидат ранливи, а со тоа и да ѝ се посветат на една личност.
Притоа, брзо им се здосадуваат партнерите и би биле со некој само ако е навистина забавен и возбудлив за нив.
Девица
Девиците се практични личности, но имаат проблем со претерано размислување.
Потребно им е многу време не само да ги разберат нивните емоции, туку и за да можат да ги споделат со некој друг, како партнер.
Им треба време да се впуштат и во сексуални односи бидејќи тешко ми веруваат на другите.
Поради сето ова, тие како да бегаат од љубовта и се плашат од оваа емоција.
Јарец
Повеќето Јарци како да не знаат како изгледа се биде емоционално близок со некого.
Тие одаваат впечаток на студена личност без емоции бидејќи обично главниот фокус им е кариерата.
Поважно им е да бидат успешни отколку да се грижат за љубовни врски или емоции.
Притоа, исплашени се дека интензивните чувства како љубовта само непотребно ќе им го искомплицираат животот, па бегаат од нив.
Водолија
Како независна личност, Водолиите некогаш делуваат како да немаат допир со нивните емоции.
Поважни им се интелектуалните разговори, отколку зборувањето за чувствата и емоциите.
Физичката интимност не им е проблем, но тешко им е да се поврзат со некого на емотивно ниво.
Всушност, некогаш целосно ги избегнуваат романтичните врски бидејќи не сакаат да бидат ранливи и да си дозволат да се вљубат.
Спирова С. | Црнобело