Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Хороскопот открива: Кој е вашиот непријател?

Астрологијата може да ви открие многу работи според тоа кој е вашиот хороскопски знак, а меѓу другото може да открие и кои луѓе едноставно не можат да ве трпат и многу лесно можат да ви станат непријатели.

horoskopot-otkriva-koj-e-vashiot-neprijatel-01

Еве што вели астрологијата:


Овен

Главни непријатели: Нерасположени, мрачни луѓе

Со оглед на тоа што вие сте енергични, секогаш расположени за акција и во добро расположение, едноставно не можете да трпите луѓе кои ве уништуваат со своето лошо расположение. Летаргијата едноставно ве излудува.


Бик

Главни непријатели: Зависници од работа

Биковите се одговорни личности и на нив секогаш можете да се потпрете, но исто така чувствуваат и потреба за поврзување со некои спиритуално настроени луѓе. Токму затоа, се трудат да не бидат сериозни и не им одговараат луѓе кои себеси се претставуваат како важни и сериозни личности.


Близнаци

Главни непријатели: Уметници

Близнаците се склони на често менување на расположението, па токму затоа не сакаат да бидат опкружени со луѓе кои се најчесто нерасположени и во депресивни состојби. Близнаците се борат со сопствените промени на расположението и затоа не сакаат да бидат опкружени со луѓе кои ги носат во друг правец.


Рак

Главни непријатели: Мистериозни луѓе

Емотивните Ракови не се согласуваат со мистериозни, мрачни и таинствени луѓе. Преферираат да останат во удобноста на сопствениот дом и да бидат сигурни, па токму затоа не сакаат луѓе кои си играат топло-ладно и со кои не знаат на што се.


Лав

Главни непријатели: Луѓе кои сакаат внимание

Лавите се полни со самодоверба и секогаш сакаат да бидат центар на вниманието. Како такви, органски не ги поднесуваат другите луѓе кои се полни самодоверба и желни за внимание. Постои само еден рефлектор, а тој треба да биде насочен само на нив.


Девица

Главни непријатели: Невротичари

Како организирани и перфекциозни личности, Девиците можат да трпат многу, но не и уште една организирана личност. Некој кој е подеднакво невротичен како нив ги потсетува на тоа како и самите се однесуваат, па и затоа не сакаат да бидат покрај такви личности.

Уште 6 знаци на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Хороскопски знаци кои најлесно доаѓаат до успех - остваруваат сè што ќе замислат Риби - овој воден знак е познат по тоа што има длабока интуиција и способност да...
4-те хороскопски знаци во кои се раѓаат најдобрите тетки (и внуците ги обожаваат) Дали сте им омилената личност на вашите внуци? Дали спаѓате во листата на најдоб...
3 хороскопски знаци во кои се раѓаат жените кои не се создадени за сопруги Ако сакате љубов за цел живот, избегнувајте ги жените родени во овие три знаци, ...
Утре ќе имаме ретка сина супермесечина - Како ќе влијае на секој хороскопски знак? На 19 август на небото ќе се појави ретка сина супермесечина, која има силно вли...
Стравот поради кој не сте среќни и успешни, според хороскопскиот знак (и како да го надминете) Риби, сакате да мечтаете и да се „губите“ во вашите мисли, најмногу бидејќи ви е...
Кои 5 хороскопски знаци сонуваат за „кралска“ свадба? Вага - Свадбениот ден сакаат да го направат вреден за паметење, а претпочитаат с...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg