Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Хороскопот открива: Кој е вашиот непријател?

horoskopot-otkriva-koj-e-vashiot-neprijatel-1


Вага

Главни непријатели: „Шефови“

Вагите секогаш се во потрага по смиреност, рамнотежа и „зен“ мир. Токму затоа, не трпат луѓе кои сакаат да им наредуваат и секогаш да бидат главни во секоја група на пријатетли и секогаш да го имаат последниот збор. Тие исто така, не сакаат луѓе кои не можат да признаат дека не се во право.


Скорпија

Главни непријатели: Фантазери

Скорпиите се комплексни, малку драматични и мистични личности и ги нервираат луѓе кои по цел ден фантазираат за нереални работи. На овие луѓе, гледаат како на плитки „будали“ со кои не би сакале да го делат воздухот.


Стрелец

Главни непријатели: Луѓе кои ја сакаат својата земја

Стрелците се енергични луѓе кои се секогаш расположени за нови искуства, запознавање на нови земји, луѓе и патувања. Како такви, тие не можат да ги разберат луѓето кои се сосема задоволни со она  што го имаат и немаат желба да искусат нешто ново. Стрелците сакаат да одат секаде и да видат се.


Јарец

Главни непријатели: Неодлучни луѓе

Јарците се прилично едноставни луѓе и овој свет го набљудуваат од една гледна точка, па не размислуваат за промени. Одговорни се и сериозно ги сфаќаат сите работи кои ги работат, па затоа не им се јасни неодговорните личности и оние кои преку ноќ ги менуваат ставовите и мислењата.


Водолија

Главни непријатели: Традиционални луѓе

Иновативните и неконвенционални Водолии, не сакаат било какви калапи, ограничувања и правила. Токму затоа, нив посебно ги иритираат луѓе кои се држат до традицијата и застарените правила. Водолиите не би сакале сами да ги создадат правилата, туку да ги укинат.


Риби

Главни непријатели: Гласни луѓе

Рибите се чувствителни, интровертни и не се многу зборливи, па посебно ги нервираат комуникативните, гласни „кловнови“ кои на секое собирање мораат да бидат главни.



Би можело да ве интересира:

Зошто се чувствувате осамено, според хороскопскиот знак? Бикови, вие се плашите да им покажете на другите колку ви значат, а со ова самит...
Најважната животна лекција што треба да ја научите, според хороскопскиот знак За Биковите најважно е да научат да бидат флексибилни бидејќи способноста за при...
Утре ќе имаме ретка сина супермесечина - Како ќе влијае на секој хороскопски знак? На 19 август на небото ќе се појави ретка сина супермесечина, која има силно вли...
4-те најљубоморни хороскопски знаци Додека Скорпиите се љубоморни во врските, Девиците повеќе им љубоморат на луѓето...
5 хороскопски знаци кои се најчесто манипулирани – дали сте вие лесна мета? Дали често се наоѓате во ситуација некој добро да ве „извози“ со своите манипула...
Хороскопските знаци рангирани според тоа колку се (не)верни Кога се вљубени, Девиците имаат очи само за нивниот партнер, додека Близнаците с...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg