Утре ќе имаме ретка сина супермесечина - Како ќе влијае на секој хороскопски знак?

На 19 август на небото ќе се појави ретка сина супермесечина, која има силно влијание врз сите хороскопски знаци, на некои позитивно, на други негативно...

utre-kje-imame-retka-sina-supermesechina-kako-kje-vlijae-na-sekoj-horoskopski-znak-01.jpg

Супермесечината е спектакуларен феномен кој се случува кога полната месечина ќе се доближи најмногу до Земјата. Во овој период може да имате големи промени на расположението, да бидете поемотивни од вообичаено.

Сината месечина, пак, не е поврзана со бојата на месечината, туку се однесува на фактот дека тоа е трета или четврта полна месечина во една сезона.

А кога ќе се спојат двете појави, се добива ретка сина супермесечина.

А бидејќи овој пат е во знакот на Водолија, тоа значи дека оваа сина супермесечина ќе влијае најмногу на пријателските односи - обични познаници може да станат најдобри пријатели, долгогодишни пријателства да „пукнат“.

Кај други ќе влијае на љуовта, а кај некои на кариерата и финансиите.

Како ќе влијае таа на секој хороскопски знак?

Овен

Овни, ретката сина супермесечина ќе ве поттикне да ги испитате односите со пријателите.

Некои ќе сфатат дека од блиските пријатели веќе немаат поддршка каква што очекуваат, а други ќе си признаат на себе дека не се толку добри пријатели како што би требале да бидат и дека ги запоставуваат оние што им значат.

Потрудете се да го смените тоа.

Бик

Бикови, последните 6 месеци беа турбулентни, како никогаш претходно.

Но, ретката сина супермесечина ќе биде пресвртница во вашиот живот и работите полека ќе почнат да се враќаат „на место“, онака како што беа претходно.

Повторно ќе ви се врати стабилноста во животот, без оглед дали се работи за кариерата, односите со пријателите или саканите.

Близнаци

Близнаци, дали изминативе неколку месеци патувавте и учевте нови работи?

Сите интересни новини што ги научивте ќе ви бидат од корист во животот по појавата на ретката сина супермесечина.

Вашето знаење и способности ќе дојдат до израз, а тоа ќе го забележат сите во околината и ќе ве бараат за совети или нема да штедат пофалби на ваша сметка.

Рак

Ракови, вие само сакате да сте свои кога сте покрај пријателите и да не треба да глумите.

Ретката сина супермесечина ќе влијае на вашиот однос со нив, но на подобро.

Повеќето Ракови ќе имаат можност да се искупат за некои грешки или неубави зборови кажани во минатото и да го продолжат пријателството како ништо да не се случило.

Лав

Лавови, кај вас ретката сина супермесечина ќе влијае и на односите со пријателите и на партнерските односи.

Во изминатиот период решивте да не премолчувате за ништо, па тоа можеби го влоши односот со партнерот или најдобриот пријател.

Но, по 19 август, работите ќе се смират, а врските кои биле „на стаклени нозе“, сега ќе бидат повторно цврсти.

Девица

Девици, ретката сина супермесечина кај вас ќе влијае позитивно на здравјето.

Без оглед дали имавте здравствени проблеми или бевте анксиозни, по 19 август, работите ќе се стабилизираат.

Очекувајте и период во кој лесно ќе се прилагодувате на сè и ќе ги прифаќате работите со отворен ум.

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Еден хороскопски знак кој важи за најлош во кревет (+зошто) Сексот со припадниците на овој хороскопски знак може да ви биде големо разочарув...
6 хороскопски знаци кои (најверојатно) ќе имаат богати партнери во животот Бик: Тие се познати по тоа што го ценат луксузот и комфорот, па природно им доаѓ...
6 хороскопски знаци на кои често им е подобро сингл (+ зошто) Oвен: Сакаат спонтаност и лична слобода и не им е пријатно кога треба да прават ...
5 хороскопски знаци кои имаат тежина во душата по секоја кавга Знаете кога во народните приказни ќе кажат „имам жаба на душата“? Епа таков тип ...
3 хороскопски знаци кои ќе ја пронајдат љубовта во есен 2024 Јарец: Ќе ја пронајдете стабилноста и љубовта за која одамна копнеевте. Оваа есе...
3 хороскопски знаци кои ќе доживеат голема љубов во 2024-та Бидете отворени за нови познанства, но не влегувајте избрзано во врска за да не ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg