Каков е секој хороскопски знак во училиште: Девицата секогаш брише табла, Лавот седи на катедра

kakov-e-sekoj-horoskopski-znak-vo-uciliste-devicata-sekogas-brise-tabla-lavot-sedi-na-katedra-02.jpg

Вага

Секогаш најубаво облечена и дружељубива, Вагата со задоволство ќе ја ишкрта таблата со цртежи. Ликовно им е омилен предмет, а фломастерите и боичките омилени од целиот прибор. Мирните Ваги со задоволство ќе ги решаваат кавгите во одделението.


Скорпија

Харизматичното дете кое без многу труд станува лидер во одделението , секогаш е Скорпија. Мали бунтовници кои обично се закачаат и се потсмеваат на сите, а истовремено многу лесно се извлекуваат од ваквите ситуации. Добри другари се, но и многу немирни, па често се дежурни кривци. Меѓу први си наоѓаат симпатија.


Стрелец

Стрелецот е главен истражувач во одделението. Сакаат да го прочепкаат секое ќоше и да откријат нешто ново. Школската табла не ја сакаат, но затоа географските карти им се омилени. Го обожаваат одењето на училиште, но само заради дружбите.


Јарец

Секогаш е подготвен, вреден и одговорен, само чека шанса да го каже тоа што го знае. Мирен е и сталожен, а другарите секогаш може да се потпрат на него. Сака да учи, а најсреќен е кога учителката ќе го пофали. Плус, обожава кога има ред во одделението, наместо хаос и викотници.


Водолија

Мал немирко кој ќе се пикне во секое ќоше од училницата и дворот. Водолиите по природа се љубопитни, па затоа сака да оди на училиште и секој ден да учи нешто ново. Уште од првиот ден лесно се врзува за одделението. Смислувањето нови игри и бркањето по ходници му се омилени активности.


Риби

Ликовно и музичко се омилените предмети на малите Риби. Сите дечиња ќе ги проучуваат со денови и месеци, само за да откријат кој може да им биде најдобар пријател. За разлика од Овенот, Рибите сакаат кога се во последната клупа. Така се најдалеку од учителката, а можат да посматраат се околу себе.



Би можело да ве интересира:

Најлошите карактеристики на секоја мајка, според хороскопскиот знак Кога мајката Вага ќе реши дека детето треба да направи нешто, таа нема да го сме...
Хороскопски знаци во кои се раѓаат најдобрите баби и дедовци Кога баба и дедо родени во знакот Риби ќе научат да го користат својот паметен т...
3 хороскопски знаци кои секогаш мора да се во право кога се во врска Со нив е тешко да се излезе на крај, зашто, колку и да се заљубени и си го сакаа...
Хороскопски знаци кои најуверливо ве лажат (но, имаат добра причина за тоа) Близнаци – кога лажат, тие се мотивирани од нивната емпатија и сочувство и тоа н...
Хороскопски знаци кои повеќе се приврзани за кучињата, отколку за луѓето Јарците многу често мислат дека другите луѓе може да ги издадат и дека не можат&...
4 хороскопски знаци кои остануваат вечно млади во душа Стрелците се потсетник за сите останати знаци дека за да останеме млади во душа,...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg