Идеален веренички прстен според хороскопскиот знак
Дали верувате во моќта на ѕвездите? Дали сте енергични и оптимистични како Овните или независни и мудри како Водолиите? Токму вашите карактеристики одредени од хороскопскиот знак може да го одредат и вашиот идеален веренички прстен.
Кој дијамант или друг скапоцен камен одговара на вашата личност според хороскопскиот знак?
Овен
Овните се личности полни со самодоверба. Тие се големи авантуристи и уживаат да бидат во центарот на вниманието. Другите ги гледаат како возбудливи и дружељубиви личности.
Токму затоа, за нив идеален веренички прстен е маркиз дијамантот кој се препорачува на смели личности кои се полни со самодоверба. Овој прстен со сигурност нема да пројде незабележано на нивната рака.
Бик
За жените кои се родени во знакот на Бик се вели дека се тврдоглави, своеглави и истрајни, посебно во ситуации кои на другите им се чинат како безизлезни. Тие никогаш не се откажуваат дури и за оние работи за кои другите „креваат раце“. Сакаат рутина и едноставност и лесни се за соработка, но знаат да бидат и темпераментни.
Идеален прстен за нив е овалниот дијамат кој има уникатен облик.
Близнаци
Близнаците се љубопитни и секогаш сакаат да бидат главни во ситуациите кои се случуваат околу нив. Тие се со ведар дух и лесно се прилагодуваат на сечиј карактер.
За нив најдобро е да се одбере нешто што сјае и светка, бидејќи тие се луѓе кои пленат со својата личност и сакаат да уживаат.
Рак
Раковите често ги доживуваме како контрадикторни личности, но сè што посакуваат е комфор и сигурност. Понекогаш се склони кон авантури. Нивната мирна надворешност често крие силна личност. Тие се чувствителни личности кои тежнеат да сакаат некого до крајот на својот живот.
Согласно си нивната сензуалност најдобро е да одберете прстен со необичен дизајн кој совршено одговара на нивната природа.
Лав
Жените Лавови се посесивни и би сакале да го поседуваат целиот свет. Тие се големи борци и на се гледаат како на битка, без разлика на тоа дали се работи за нивната кариера или љубовниот живот, Лавовите се шармантни и привлечни личности кои сакаат да бидат во центарот на вниманието.
Совршен избор за овие страствени личности е прстен од жолто злато.
Девица
Девиците се личности кои постојано и логички размислуваат. Темелни се и речиси секоја ситуација детално ја анализираат пред да донесат одлука. Нивната воздржаност крие личност која постојано размислува и чија цел е постојано напредување.
За овие личности кои секогаш се беспрекорно организирани најдобар избор на прстен е модерниот „Ашер“ дијамант кој е сличен на смарагдот.
Останатите 6 знаци на следната страна...