Кои хороскопски знаци пукаат од љубомора: Биковите се детективи, Рибите претеруваат
Вага
Овој знак едноставно го обожава партнерот. Воопшто не е љубоморен тип и за љубовта се подготвени да дадат многу. Меѓутоа, кога и да почувствуваат дека добрината е искористена или толеранцијата злоупотребена, Вагите стануваат љубоморни и опасни. Нивната љубомора се претвора во негативна сила која може да ве уништи.
Скорпија
Можеби најљубоморниот знак во зодијакот. Скорпиите најчесто се љубоморни на секој што ќе се доближи до нивниот партнер. Чувствителни се и заштитнички настроени. Имаат нагласени емоции во кои спаѓа и љубомората која е многу тешко да ја совладаат и контролираат. Најпаметно е да не запаѓате во ваков вид на конфликти со Скорпиите.
Стрелец
Овој знак е прилично љубоморен, но тоа никогаш нема да го признае затоа што така ќе му настрада гордоста. Исто така, припадниците на овој знак никогаш не го забораваат или простуваат неверството. Токму затоа, не ја тестирајте издржливоста и љубомората на Стрелецот, вие ќе настрадате.
Јарец
Припадниците на овој знак никогаш нема да го заборават лошото искуство со партнерот. Иако звучи необично, Јарците сепак не се љубоморен знак и не сакаат премногу да ги истражуваат своите сомнежи. Меѓутоа, ако некој им каже дека се изневерени, крајот е запечатен.
Водолија
Најчесто не се љубоморни, а ако за момент ја почувствуваат, со сите сили ќе се обидат да ја сокријат. Токму затоа може да станат зајадливи. Ако некако откријат дека се изневерени, не бараат одговори не и дискутираат. Само ви ја трескаат вратата пред нос.
Риби
Љубомората е константно чувство кај Рибите. Од партнерите бараат премногу внимание и љубов, па токму затоа секоја ситница кај нив предизвикува сомнеж. Ако еднаш не им кренете телефон, подгответе се за бура. Рибите не ги простуваат ни најмалите грешки, како безопасен флерт.