Кои хороскопски знаци пукаат од љубомора: Биковите се детективи, Рибите претеруваат

Додека благата и добро скриена љубомора може да влијае позитивно на блискоскта, ова интензивно чувство може да заврши кобно...

koi-horoskopski-znaci-pukaat-od-ljubomora-bikovite-se-detektivi-ribite-preteruvaat-01.jpg

Кој најдобро ја контролира љубомората, а кој постојано се обидува да откопа нова информација?

Овен

Овој знак живее од доверба, па таа му е секогаш на првото место во врската. Иако ги презираат лагите и лицемерието, сепак може многу лесно да станат љубоморни ако почувствуваат дека некој ги лаже. Важно им е да ја искажат несигурноста, наместо да бегаат од проблемите.


Бик

Овој земјен знак сака хармонија и среќа, па токму затоа ако почувствува и најмал сомнеж во верноста на партнерот, во него се буди детективскиот дух. Со сите средства се обидува да дознае за што точно се работи, па склони се на прилично љубоморни сцени. За жал, често пати имаат добра причина.


Близнаци

Личностите родени во овој знак по природа не се љубоморни, но понекогаш самите си создаваат некои сцени во главата без причина. Љубопитни се и жедни за акција. Понекогаш лутаат и во фантазиите бараат доказ за неверството, што по извесно време ги прави многу несреќни во љубовта.


Рак

Овој знак ретко е љубоморен затоа што во поголем дел од времето е заслепен од љубовта. Толку е предаден на личноста која ја сака, што не сака ни да помисли на неверство од било која страна. Но, ако пронајдат причина за љубомора и најмал сомнеж, ќе копаат по информации со денови и месеци. Тешко простуваат неверство.


Лав

Припадниците на овој знак често стануваат љубоморни, а причината е нивната гордост или стравот дека не се доволно сакани и почитувани. Од партнерот очекуваат да ги слуша и почитува, сакаат да доминираат, па заради тоа неретко се неиздржливо љубоморни.


Девица

Родените во знакот на Девица често претеруваат кога го искажуваат чувството на љубомора. Сакаат да доминираат и да имаат целосна контрола, како над своите, така и над чувствата на партнерот. За нивните партнери недозволиво е исчезнувањето на неколку часа. Воопшто не го почитуваат личниот простор.

Уште 6 знаци на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Најлошите карактеристики на секоја мајка, според хороскопскиот знак Кога мајката Вага ќе реши дека детето треба да направи нешто, таа нема да го сме...
Една причина поради која секој хороскопски знак станува злобен кон вас во врската Девицата повеќе сака да е сингл отколку во врска со некој со кого не може да се ...
Хороскопски знаци кои најуверливо ве лажат (но, имаат добра причина за тоа) Близнаци – кога лажат, тие се мотивирани од нивната емпатија и сочувство и тоа н...
3 хороскопски знаци кои секогаш мора да се во право кога се во врска Со нив е тешко да се излезе на крај, зашто, колку и да се заљубени и си го сакаа...
Како најлесно ќе го освоите секој хороскопски знак? Најлесно ќе ги заведете Стрелците ако им бидете „ветер во грб“ и поддршка, бидеј...
6 хороскопски знаци кои имаат „луксузен вкус“ и трошат на скапи работи Од скапи ресторани, до чести посети на трговски центар, личностите родени во хор...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg