Колку траат врските на секој хороскопски знак: Овенот си оди штом страста исчезне, Стрелецот тешко останува со еден партнер
Ако се прашувате колку долго ќе трае вашата врска или зошто со години не можете да се врзете за еден човек, хороскопот ќе ви даде точен и прецизен одговор.
Овен - Си оди штом страста исчезне
Припадниците на овој знак се заљубуваат брзо и со цело срце. Врската со нив е динамична, а нивните чувства се длабоки. Често пати се непромислени, расправиите им се секојдневие, па магичниот круг на кавги и смирувања може да трае прилично долго, односно, додека не исчезне страста. Штом тоа се случи, Овните раскинуваат.
Бик - Не сака да остава
За овој знак може да се каже дека е најлојалниот помеѓу сите. Не се врзува за секој, а оној човек кој ќе го пуштат блиску до себе, го чуваат до крајот на животот. Сепак, многу важно им е каков секс имаат.
Близнаци - Не остава, но дава причина за другиот да прекине
Во суштина се лојални и не сакаат раскинувања, но својот партнер знаат да го тестираат до крајните граници на љубомора. Понекогаш ги мачи флертувањето со другите, па така на партнерот му даваат причина за да ги остави. Единствено ќе ги смирите ако им најдете долгорочна занимација.
Рак - Најсреќен е ако има еден партнер за цел живот
Не ги сакаат сомнежите, несигурноста и неизвесноста во љубовта. Склони се кон долги врски, а неретко остануваат и со првата љубов. Сепак, знаат да бидат прилично љубоморни и несигурни, заради што го одбиваат партнерот. Во бракот се верни до крај.
Лав - Врските им траат од 1 до 2 години
Припадниците на овој знак внимаваат со кого започнуваат врска и не се заљубуваат веднаш. Но, откако ќе се предадат се страствени. Во природата им е работите брзо да им досадуваат, па нивните врски обично траат од 1 до 2 години.
Девица - Ја цени сигурноста
Во љубовните односи најмногу ужива додека освојува. Способни се да бидат верни, затоа што не се премногу фокусирани на сексот. Се смируваат кога од еден партнер ќе добијат емотивна и материјална сигурност.
Уште 6 знаци на следната страна...