Афродизијаци за секој знак: Биковите ги возбудува мед, а Рибите се согласуваат на сè после чаша вино
Ако имате проблем во креветот, не очајувајте, затоа што астрологијата повторно го има решението.
Зачинете го својот љубовен живот на едноставен начин - откријте го афродизијакот на вашиот партнер и во прва прилика искористете го.
Овен
Овните не ја обожаваат предиграта и сакаат веднаш да преминат на главното. Тие сакаат секси облека која можат буквално да ја искинат од телото на партнерот. Не бираат место и време за задоволување на потребите, а сакаат страствен секс на брзина. Од партнерот очекуваат да биде креативен и да им дозволи да доминираат. Нивен афродизијак е ѓумбирот.
Бик
Биковите имаат изострени сетила. Најважен им е амбиентот, па затоа обожаваат свилена постелнина, секс во џакузи или некоја друга жешка просторија. За време на предиграта сакаат да консумираат и храна и пијалак, а најмногу ги стимулира медот. Слатките со мед се совршен додаток во предиграта, а пожелно е и во позадина да свири музика.
Близнаци
Близнаците сакаат да експериментираат и да водат љубов на необични места. Нив ги стимулира порнографијата, но и секси играчките. Ги возбудуваат разговорите на тема секс, а сакаат и по некоја валкана приказна. За нив не постои табу тема. Сакаат негувани и вешти раце, а нивен афродизијак е циметот.
Рак
Раковите на прв поглед се срамежливи, а всушност се многу сензуални. Предиграта им е поважна од сексот. Сакаат секси долна облека и тивка музика. Најпријатно се чувствуваат во познат амбиент и не сакаат вулгарност или грубост. Ги возбудува масажа со ароматични масла, а остригите се тајната состојка за будење на нивните страсти.
Лав
За Лавот најважна е визуелната стимулација и затоа мора да има атрактивен партнер. Тој сака кога има гласен секс и сака да се гледа во огледало, понекогаш дури и да се снима. За него не постои поголем афродизијак од комплиментот, а го возбудува и масажа на грбот. Либидото им го зајакнува најскапиот зачин во светот - шафран.
Девица
Иако изгледа смирено и срамежливо, во кревет е вистински уметник. Девиците се спонтани и не сакаат изненадувања. Најдобра предигра им е заедничкото туширање. Иницијативата најчесто му ја препуштаат на партнерот и ги прифаќаат подредените положби. Стомакот и препоните им се најсилна ерогена зона, а најдобар афродизијак им е лукот.
Уште 6 знаци на следната страна...