Кафански хороскоп: Која македонска песна ја нарачувате во кафана?
Секој хороскопски знак има посебно расположение, посебна ведрина и посебни емоции, а сите тие најлесно испливуваат на површина кога ќе засвири омилената песна.
Дали вашиот знак сака лесни, певливи песни или емотивни балади, откријте во продолжение:
Овен
Сакаат кога се главни во кафана, кога музиката свири гласно, но само во елитните, добро прочуени локали. Добро се снаоѓаат со музиката и бакшишот, па секогаш ги погодуваат песните кои ја креваат атмосферата до максимум.
Се расположуваат на:
Бик
Уште еден знак кој е создаден за во кафана. Вкусна храна и добра музика - зарем има нешто подобро? Сакаат емотивни, но певливи рефрени во кои ќе се пронајдат, па затоа често знаат и да се фатат за паричникот.
Се расположуваат на:
Близнаци
Знаат да бидат со превртливо расположение, посебно ако се поднапијат. Друштвени се, лесно остваруваат контакт со сите присутни и сакаат кога се најгласни во просторијата. Нарачуваат само добро познати хитови кои сите ги знаат и пеат.
Се расположуваат на:
Рак
Вечните емотивци не можат да им побегнат на чувствата дури ни во кафана. Романтичните Ракови сакаат да наздрават за љубовта, со полна чашка ракија и гласно да запеат за своите сакани и бивши.
Се расположуваат на:
Лав
Центар на внимание во која кафана и да се појави. Од него секогаш се очекува да е добро расположен, напиен и најаден. Посебно добро се чувствува кога ќе добие пофалби и овации за песната која ја нарачал.
Се расположуваат на:
Девица
Нежни и воздржани како и секогаш, Девиците не сакаат да се истакнуваат ниту во кафана. Мирни се и уживаат во тивката музика на уво, па знаат дискретно да си нарачаат некоја бавна песна додека полека го испиваат омиленото, скапо вино.
Се расположуваат на:
Уште 6 знаци на следната страна...