Кои вежби му одговараат на вашиот хороскопски знак?
Вага
Овој знак се води според љубовта и убавината, па не ги сака спортовите со насилство и преголема активност. Типичните ваги се занимаваат само со лежерна рекреација или со естетски спортови како тенис, гимнастика, уметничко лизгање и синхронизирано пливање. Поради рамнотежата која сакаат да ја одржуваат често применуваат медитација и јога.
Скорпија
Натпреварувачки се расположени и страствени се кон сè што прават. Цел живот настојуваат да ја подобрат својата физичка подготовка и менталниот капацитет. Отпорни се, концентрирани и моќни, па најмногу им лежи карате, маратони, мечување и фудбал. Но, ги привлекува и играњето покер или шах.
Стрелец
Тие се најздрави од сите знаци во Зодијакот, се карактеризираат со непресушна енергија. Сакаат да бидат во природа и на свеж воздух, па често шетаат или планинарат. Надарени се и за индивидуални и за колективни спортови. Најчесто бираат стрелаштво , кошарка, јавање и искачување по карпи.
Јарец
Што и да прават Јарците се концетрирани и трпеливи. Не очекуваат брзи резултати и затоа бира спортови кои бараат високо ниво. Од широкиот спектар на спортови одбираат некои со атлетска дисциплина, бодибилдинг, планинарење или скијање. Често учествуваат и на шаховски или математички турнири.
Водолија
Не сакаат монотонија и рутина, па колку е некој спорт понеобичен толку полесно се одлучуваат. Падобранството и банџи скокањето им се омилени, како и останатите екстремни спортови. Но и танцот им помага за ослободување од вишокот енергија. Како големи хуманитарци често се вклучуваат и во спасувачки активности.
Риби
Романтичните Риби нема често да ги видите како изведуваат спортски вештини. Но, ако баш мораат тоа сигурно ќе биде поврзано со вода како сурфање, нуркање или сијање на вода. Успех може да постигнат и во уметничкото лизгање и аеробикот.