Како се однесуваат хороскопските знаци на плажа?

Летото полно со авантури и незаборавни спомени од годишните одмори, секој ги доживува на различен начин. Сите имаат свои посебни карактеристики, желби и  задоволства кои ги очекуваат или ги применуваат на плажите.

kako-se-odnesuvaat-horoskopskite-znaci-na-plaza-01

Така, според хороскопот може да ги препознаете нивните гестови и постапки. Дали сте и вие од оние кои сакаат да се истакнат, да бидат видени или сте од оние кои попрво би се скриле зад некоја карпа или под сенка, далеку од сите да уживаат само во пејзажите?

Овен

Бидејќи во сè се први, па и на плажа стигнуваат пред сите. Малку растегнување, пливање во сите стилови за да се загреат, па дури потоа може да се види кој е главен. Шета по плажата со совршено затегнато тело, директно ги посматра оние од спротивниот пол и бира мета. Штом пикираат некој нема бегање.

Бик

Не се брзаат за на плажа, бидејќи никаде нема да побегне. Најважно е прво да се наспијат, да се средат, да се напијат кафе и да појадуваат, па дури потоа да ги спакуваат сите неопходни ситници и да тргнат. Кога ќе пристигнат на плажа, прво распакуваат сè за да им биде на дофат на рака, па мрзливо се растегнуваат и излежуваат на лежалката. Дозволуваат да бидат заведени.

Близнаци

Се будат, брзо проверуваат што има на социјалните мрежи, кој им ги лајкнал статусите, одговараат на коментарите и пишуваат статус дека одат на плажа. Со себе понесуваат мобилен телефон, таблет и фотоапарат. По пат двапати се враќаат зашто забораваат крема за сончање или пешкир. Стигнуваат во голем стил, насмеани и веднаш наоѓаат друштво. Додека зборуваат пишуваат статус опишувајќи детално што прават или што има каде што се наоѓаат. На оние кои им се допаѓаат може да им ветат вечна љубов и да ги одведат во соба. Попладне одат на друга плажа.

kako-se-odnesuvaat-horoskopskite-znaci-na-plaza-3.jpg

Рак

Полека доаѓаат на плажа, срамежливо се соблекуваат размислувајќи дали им се познава целулитот, за секој случај девојките ставаат и марама околу струкот и го разгледуваат омиленото списание. Им се јавуваат на мајките, колку да не се грижат. Додека размислуваат за поранешната љубов и скришно ги бришат солзите, чувствуваат кога некој ги гледа. На личноста која им приоѓа и им започнува разговор, ѝ одговара со кратки одговори, додека малку не се опуштат. Во рок од еден час го отвораат срцето и зборуваат за своите планови, семејството и блиските, заедно го гледаат зајдисонцето и одат на романтична вечера.

Лав

Сите очи се насочени кон нив додека полека поминуваат, барем така тие се чувствуваат. Го заземаат централното место каде сите околу нив ќе може да имаат добар поглед на нив и да се воодушевуваат на нивната убавина, костимот за капење и накитот. Брзо се откажуваат од пливањето, бидејќи повеќе сакаат да привлекува внимание додека се сончаат. Се протегнуваат како мачки на лежалките, овозможувајќи им на сите да уживаат во глетката. Ја одбираат онаа личност која сметаат дека е доволно достојна да биде во пар со нив.

Девица

Штом се разбудат го прегледуваат списокот кој го направиле претходната вечер за да не заборават нешто на плажа. Уредно потцртуваат сè, проверуваат мејл, пораки на телефонот и одговараат. Облекуваат нешто лесно и убаво за на плажа, ставаат шешир и крем за сончање на сите откриени делови од телото. За секој случај се сместуваат под сенка. Одбираат најголем чадор, ги редат работите околу себе, повторно се премачкуваат и се местат во поза за рамномерно да потемнат. Размислуваат за обврските кои ги чекаат кога ќе се вратат од одмор.

kako-se-odnesuvaat-horoskopskite-znaci-na-plaza-1.jpg

Уште 6 знаци на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Астро ќоше: Зошто е уште сингл секој хороскопски знак? Бикот уште е заљубен во бившиот/бившата. Зошто другите хороскопски знаци се уште...
Најлошите карактеристики на секоја мајка, според хороскопскиот знак Кога мајката Вага ќе реши дека детето треба да направи нешто, таа нема да го сме...
Колку имате среќа во животот, според хороскопот? Стрелец: Само вам може да ви се случи (и по неколкупати во месецот) да ви понуда...
Хороскопски знаци кои најуверливо ве лажат (но, имаат добра причина за тоа) Близнаци – кога лажат, тие се мотивирани од нивната емпатија и сочувство и тоа н...
3 хороскопски знаци кои секогаш мора да се во право кога се во врска Со нив е тешко да се излезе на крај, зашто, колку и да се заљубени и си го сакаа...
6 хороскопски знаци чија добрина ја злоупотребуваат другите Итрите и себични луѓе знаат колку Биковите се лесни за манипулација, па често ја...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg