Времето на раѓање го одредува вашиот карактер
Ако датата на раѓање не ви открива доволно за вашите лични навики и карактеристики, тогаш постои и подетално објаснување на вашата личност - според часот на раѓање.
Проверете во колку часот сте родени и откријте нешто повеќе за себе.
00 - 01 часот
Овие личности ги карактеризира агресивност, здружена со издржливост. Околината ги смета за тврдоглави, недипломатични и претерано горделиви. Во поволни околности, ваквите карактеристики може да ве доведат до неверојатни успеси.
01 - 02 часот
Моќ, углед и статус е она за што живеете. Заради тоа може да ве истрпат само најблиските. Успешни сте во животот, благодарение на вишокот енергија на која постојано се потпирате. За својот успех треба да им се заблагодарите на влијателните и повозрасни личности кои ви помогнале.
02 - 03 часот
Сакате кога истовремено сте посветени на повеќе обврски. Динамични сте и способни да давате максимум, но исто така брзо знаете да го загубите вниманието и интересирањето за веќе започнатите работи. Понекогаш сте нетолерантни, па малку повеќе трпеливост не би ви пречела.
03 - 04 часот
Чувствителни сте и тивки, па затоа е многу лесно некој да ве повреди. Посветени сте кон семејството и домот, а ја сакате и финансиската сигурност. Токму поради тоа, добро знаете да раководите со парите.
04 - 05 часот
Вашите размислувања се секогаш насочени кон една конкретна цел. Полни сте со концентрација, сила и волја. Затоа, во секоја работа важите за авторитет. Но, кога малку поголемо внимание ќе им дадете на социјалните односи, знаете да западнете во депресија.
05 - 06 часот
Најдобро се чувствувате кога во постоечкиот хаос воведувате ред. Вашата љубов се концентрира врз деталите, при што е многу тешко да го разграничите важното од неважното. Така, постојано ризикувате да ги трошите парите на непотребни работи. Во работата сте внимателни и одлично си ги извршувате должностите.
06 - 07 часот
Шармантни сте и секогаш добро облечени. Вашиот стан е уреден со вкус и тоа е местото каде обожавате да ги соберете најблиските пријатели. Љубезни сте, но најголемата опасност лежи во тоа што вашата емоционална сигурност зависи од другите, а не од вас.
07 - 08 часот
Работите ги кажувате онакви какви што се и немате влакна на јазикот. Успешни сте на работното место благодарение на богатата фантазија. Интригите и недовербата знаат да ве извадат од такт во само една секунда.
Карактеристиките за личностите родени по 8 часот наутро пронајдете ги на следната страна...