Времето на раѓање го одредува вашиот карактер
16 - 17 часот
Парите ја имаат клучната улога во вашиот живот. Заради тоа мислите дека половина од животот треба да го поминете штедејќи. Сепак, знаете како да се издигнете над секојдневните проблеми и ситните препреки, па затоа се концентрирате на позитивните нешта во иднина.
17 - 18 часот
Се додека сте зависни од перфекционизмот, ќе ве ценат луѓето и приватно и деловно. Вие сте практична личност која успева да се справи со луѓето кои им се спротивставуваат на вашите планови. При тоа, вниманието кое им го посветувате на деталите ве води до крајната цел.
18 - 19 часот
Само преку поврзаноста со другите луѓе знаете како да ги остварите животните цели. Во пријателството потребно ви е големо внимание и трпеливост. Најголемата опасност лежи во тоа што партнерот кој ќе го одберете може да ви постави превисоки барања, кои нема да може да ги исполните.
19 - 20 часот
Вашата склоност кон ризици ви овозможува голем успех. Заради своите пренагласени сексуални барања, голема е опасноста да влезете во тајна врска, а за сметка на тоа да ја запоставите верноста. Не заборавајте да си поставите граници во животот.
20 - 21 часот
Возбудени сте од самата помисла на нешто ново и непознато. Патувањата и егзотичните земји се ваш природен еликсир на младоста. Сепак, верноста не се вбројува во вашите лични карактеристики. Благодарение на вашиот оптимизам, по секој пад знаете да застанете на нозе.
21 - 22 часот
Од страв да не ве повредат, другите луѓе често пати ве гледаат како да сте бавни и мрзеливи. Но, кога еднаш ќе ве запознаат, гледаат дека под оклопот се крие топлина и сочувство. Големо внимание им посветувате на видливите докази на љубовта. Знаете да се изненадите ако работите излезат како што не сте замислувале.
22 - 23 часот
Неверојатно сте интелигентни и постојано размислувате поинаку од другите. Заради тоа можете да излезете на крај и со најтешките проблеми. Секогаш сте чекор понапред од другите. Сепак, не би требало да бидете арогантни. Скромноста е предност!
23 - 24 часот
Со вас владее таканареченото ноќно сонце, кое ја симболизира внатрешната светлост. Во секојдневниот живот не сакате компромиси, па живеете според мотото се или ништо. Во љубовта сте склони кон посесивност и љубомора.