Како да раскинете со секој хороскопски знак?
Раскинувањата речиси за сите се болни и тешки. Некои патат, други се борат и не се откажуваат. Сепак, за секого треба да го најдете соодветниот начин за да бидете сигурни дека нема и понатаму да ве прогонува.
Проверете како најлесно според хороскопот да раскинете некому и да си заминете.
Овен
Луѓето родени во овој знак се отворени и реално гледаат на животот. Кога гледаат дека нешто не оди и сами си заминуваат. Но, ако сакате да го оставите Овенот направете го тоа набрзина, изненадно и кажете го тоа пред сите. Така сигурно ќе си замине. Сепак мора да знаете дека тој сака авантури, но и дека многу ја почитува љубовта и доколку е во брак, тешко излегува од него. Дури и кога ќе одлучи да замине, долго живее во минатото.
Бик
Ако сакате да го напуштите тоа ќе биде комплицирано. Ако навистина ве сака, тогаш долго ќе остане страсно врзан за вас. Друг момент е неговата посесивност. Не сака кога губи нешто од она што поседува, а во љубовта секогаш има илузии дека ве поседува. Затоа Бикот секогаш ќе се бори да ве задржи. Исто така, мора да знаете дека Бикот е страшно несреќен кога е напуштен и тешко се врти кон некоја нова љубов. Но, ако сакате моментално да ве напушти, тогаш најдобро е да го изневерите. Изневерениот Бик никогаш не заборава, не простува и веднаш бесно си заминува.
Близнаци
Ако сакате да раскинете со оваа личност тоа нема да ви биде многу тешко. Само бидете премногу страсни и емотивни, па самите ќе се исплашат од толку емоции и ќе побегнат. Покажете љубомора и посесивност и веднаш си заминуваат. Ако заклучат дека сте досадни, монотони и обични, едвај ќе чекаат да најдат друг. За нив долгиот заеднички живот е вистинско мачење и лесно си заминуваат.
Рак
Со Ракот тешко ќе раскинете. Тој долго ќе ги толерира сите ваши испади само во име на некогашната љубов за која е премногу сентиментално врзан. Малку се плаши и од промените. Нему му е полесно да остане во лоша емотивна врска која не го задоволува како некогаш, отколку да соберат сила за нешто ново. Тие имаат трпение и се вложуваат во врската, ја лекуваат и не се откажуваат. Затоа, ако сакате да му раскинете направете го тоа брзо, наеднаш и заминете подалеку да нема никаков контакт со вас.
Лав
Исмевајте го пред другите, загрозете го неговиот авторитет, намалете ја нивната гордост и тој самиот ќе замине. Кога му раскинувате кажете му сè во лице и тој со кренат нос ќе си замине. Во бракот тешко се одлучуваат на развод, иако делуваат сигурно, динамично и гордо. Се плашат од разочарувања, така што ќе останат и ќе се трудат да поправат сè што можат.
Девица
Доколку таа ве напушта тоа ќе го направи многу бавно, незабележливо и со големо, искрено каење. Дури и по завршувањето на љубовта ќе сака да останете пријатели. Таа искрено се плаши да не повреди некого. Кога сакате да раскинете со неа, разговарајте искрено, сериозно и аргументирано. Ќе ве разбере и ќе направи сè за лесно да заминете, колку и да ја боли неа. Исто така ако внесете немир, неред и мрзеливост во секојдневниот живот, може сама да си замине.
Уште 6 знаци на следната страна...