Ослободете се од празничните килограми според хороскопот

Kолку и да сте планирале да се контролирате на празничната трпеза, малкумина се оние кои навистина успеваат во тоа.

oslobodete-se-od-praznicnite-kilogrami-spored-horoskopot-01

Но, тоа не е никаков грев, сепак празниците се време кога сакаме да се опуштиме и да уживаме, помеѓу останатото и во гозбата. А кога ќе завршат празниците и копчињата на панталоните ви прават проблем, тука е хороскопот кој ќе ви го олесни патот до идеалната линија.

Овен

Без проблем ги симнува килограмите. Овенот обожува да ги испробува новите јадења и не може да одолее на зачинета храна, поради што почетокот на годината задолжително го дочекува со некој килограм плус. За него тоа не претставува проблем, бидејќи натпреварувачкиот дух го тера што поскоро да ги симне. Најмногу му одговараат спортови како тенис, фудбал, велосипедизам и вежбање со тегови. Спортови во кои може да ја тестира сопствената издржливост, а при тоа троши многу енергија и многу калории.


Бик

За Бикот најдобар избор се лесните вежби. Бикот е прав гурман склон кон дебелеење и едноставно не може да им одолее на десертите. Во стеснувањето на линијата ќе одбере лесни активности како прошетка, вежби за истегнување и танц. За да се врати во претпразничната линија ќе му помогне тврдоглавоста која ќе го тера да ја оствари посакуваната цел.


Близнаци

Сакаат комбинација од различни вежби. Близнаците наместо храна, на прво место им е забавата, но ниту тие не се имуни на празничните закуски. Во вежбањето најважно им е тренингот да не е досаден, па без мака ќе ослабат. Сакаат да комбинираат различни вежби и музика, но за добрата форма и треба и партнер. Најдобар избор за нив се аеробик, зумба или пилатес.


Рак

Обожава прошетки и планинарење. Иако сака здрава храна, Ракот едноставно не може да одолее на шеќерот кој му служи како совршена утеха. Токму поради тоа му се случува и да стави некој килограм плус, но со оглед на неговата посветеност, лесно и ги симнува. Не сака напорни вежби како на војнички тренинг и повеќе му одговараат вежби за истегнување, шетање и планинарење кои ги урамнотежуваат умот и телото.


Лав

Суверено владее со спортските активности. Лавот е ист како Бикот, страстен по прашање на храната, а празниците се негово омилено годишно доба. Но, тоа не го спречува истовремено да внимава и на линијата. Редовно вежба, па дури и ако си дозволи некој килограм плус , го отстранува со помош на пилатес, јога или танцување. Важно му е само на сите да им покаже колку добро владее со спортските активности.


Девица

Вежба на отворено. Девицата внимава на исхраната поради честите проблеми со варењето кои го следат овој знак и вежбањето им е неизоставен дел од животот. Девицата секогаш е во форма, без разлика дали се празници или не. Обожува велосипедизам, фудбал и која било активност на отворено. Поради тоа ретко влегува во вежбалница.

oslobodete-se-od-praznicnite-kilogrami-spored-horoskopot-1

Вага

Не сака да вежба. Вагата обожава да готви и ужива во храната, а вежбањето ѝ е последно на листата од омилени активности, бидејќи лесно се заморува. Токму поради тоа мака мачи со килограмите и важно ѝ е да најде мотивација. Едноставна получасовна прошетка и вежби за опуштање како пилатес и јога се најдобар избор за овој знак.


Скорпија

За Скорпијата најдобри се боречките вештини. Сака силни вкусови и склона е кон претерување со алкохолот што е причинител за дебелеењето. Во симнувањето на килограмите им помагаат интензивни вежби кои го хранат нивниот натпреварувачки дух. Најдобро се снаоѓаат во боречките спортови и во вежбалницата каде излегува на виделина нивната издржливост.


Стрелец

Сака да вежба во природа. Стрелецот е исто така склон кон дебелеење и баш како и Раковите не можат да одолеат на шеќерот, особено на празничните колачиња. Слабоста за слатките ја скротуваат со вежби на отворено, трчање, скијање и велосипедизам. Иако повеќе сакаат тренинг на свеж воздух, ако немаат избор ќе одберат тренинг во вежбалница под услов да имаат и партнер за вежбање.


Јарец

Ужива да вежба сам. Иако е одличен во самоконтролата, Јарецот не може да одолее на празничната трпеза поради што напорно работи за да се врати во форма. Најмногу ужива да вежба сам, а за него најдобар избор е планинарење, искачување карпи, велосипедизам и џогирање.


Водолија

Екстремните спортови се идеални за Водолијата. Пребирливата Водолија ги обожува празниците бидејќи традиционалната домашна кујна им е најдрага и едноставно не можат да одолеат, а тоа се одразува и на нејзината линија. Проблемот со вишок килограми го решава со екстремни спортови, скокање со падобран, интензивни тренинзи како за маратонци. Може да се поколебаат само ако влезат во рутина.


Риби

Рибите со пливање се враќаат во форма. Склони се кон прејадување, па по празниците имаат потреба од детоксикација и вежбање. Не се љубители на интензивни тренинзи и најдобро се снаоѓаат во вода. Им помага јогата, но и танцувањето на добра музика која позитивно влијае на нивната психичка состојба.

oslobodete-se-od-praznicnite-kilogrami-spored-horoskopot-2

Би можело да ве интересира:

Најлошите карактеристики на секоја мајка, според хороскопскиот знак Кога мајката Вага ќе реши дека детето треба да направи нешто, таа нема да го сме...
Што ве прави убави во очите на другите, според хороскопскиот знак (а, не е поврзано со изгледот)? Вашиот прв инстинкт е да им помагате на другите, дури и кога станува збор за лич...
Хороскопските знаци рангирани од најдобриот до најзлобниот Близнаците се наоѓаат на средина – не се многу добри, но не се ни многу лоши и с...
Хороскопските знаци рангирани според тоа колку се „очајни“ за љубов – Кој се плаши да биде сингл? Раковите не можат да си замислат да бидат сингл, додека за Јарците љубовта не е ...
3 хороскопски знаци кои секогаш мора да се во право кога се во врска Со нив е тешко да се излезе на крај, зашто, колку и да се заљубени и си го сакаа...
6 хороскопски знаци чија добрина ја злоупотребуваат другите Итрите и себични луѓе знаат колку Биковите се лесни за манипулација, па често ја...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg