Кој хороскопски знак е вашата врска?
Зависно од тоа во кој период од годината сте ја започнале вашата љубовна врска, може да се одреди нејзиниот хороскопски знак, а со тоа и предвидувањата за тоа како ќе влијаат ѕвездите и планетите на неа и секако, на односот со вашиот партнер.
Врските започнати на пролет, во време кога владее Бикот, ќе бидат цврсти и стабилни, баш како и оние кои се започнати во периодот на владеењето на мрачните Скорпии.
Овен (21.03 - 20.04)
На партнерите кои ја започнале врската во периодот на Овенот никогаш нема да им биде здодевно. Секогаш помеѓу нив постојат искри, а решението на сите караници се наоѓа во нивната спална соба. На другите им оставаат впечаток како да се пред раскинување, но нивната врска е доволно силна за да ги преживее сите несогласувања и разлики. Помеѓу овие партнери нема лаги, а всушност искреноста е една од основите на која ја градат својата врска.
Бик (21.04 - 20.05)
Паровите кои ја започнале врската во знакот на Бик имаат цврст и стабилен однос. Овие врски успешно им одолеваат на сите проблеми, а партнерите си наоѓаат поддршка еден кај друг. Никогаш нема да им недостасува нежност и страст. Единствена опасност може да биде фактот дека партнерите целосно се препуштаат на заедничкото уживање, а со тоа ги занемаруваат блиските луѓе.
Близнаци (21.05 - 20.06)
Оние двајца на кои им започнала врската во знакот на Близнаци, пред сè се добри пријатели и одлични животни сопатници. Расположени се за забави и излегувања, имаат совршена меѓусебна комуникација, а отсуството на љубомора е уште една позитивна страна на оваа врска. Негативната страна е тоа што партнерите премногу вложуваат во друштвениот живот , па постои голема веројатност во иднина да престанат да разменуваат нежности,а нивниот однос може да стане само пријателски.
Рак (21.06 - 20.07)
Оваа врска ќе биде исполнета со нежност и романтика, а партнерите нема да можат долго да бидат разделени. Ним никогаш нема да им недостасува нежност и топлина, а двајцата ќе сакаат големо семејство со многу деца. Лошата страна на оваа врска е преголемата меѓусебна посветеност, бидејќи партнерите никаде не сакаат да одат еден без друг.
Лав (21.07 - 21.08)
Врската започната во знакот на Лав ќе биде исполнета со драматични ситуации и страсти. Партнерите во еден момент жестоко ќе се караат, а во следниот момент страсното помирување во спалната ќе биде на повидок. Романтичните изливи на емоции се вообичаена појава. Овие парови настојуваат пред другите да се претстават во најдобро светло , дури и кога меѓу нив постојат несогласувања.
Девица (21.08 - 22.09)
Љубовната врска која почнала во периодот на владеење на овој знак се карактеризира со долготрајност и стабилност. Обостраната желба за сигурност цврсто ги држи партнерите заедно, а искрената и отворена комуникација, како и отсутноста на жестоки караници се само некои од предностите на овој однос. Партнерите ќе уживаат во интелектуални разговори и гледање филмови. Сепак, во оваа врска можеби ќе недостасува страст, доколку партнерите не се отворени за изразување емоции.
Останатите 6 откријте ги на следната страна...