Какви пријатели се хороскопските знаци?
Овните се вистинско друштво за авантури, во неволја најдобро е да имате крај себе Бик или Лав. Водолиите и Близнаците можат да се пофалат со најголем број пријатели.
Со Овните возбудата ви е гарантирана
Припадниците на овој знак се одлични пријатели бидејќи не се комплицирани, а се директни и искрени во изразување на емоциите. Иако можат да ги разберат другите, сепак Овните не се оние кои треба да ги барате кога ви е тешко, бидејќи тие се повеќе спремни за акција и нови потфати отколку да слушаат тажни приказни. Недостаток им е што се премногу себични, па затоа за пријател сакаат некој кој е самоуверен и самостоен како нив. Добро ќе се дружат со Стрелците.
Биковите се верни пријатели
Биковите се најлојални пријатели во Зодијакот. Нивни најголеми квалитети се тоа што имаат широка душа, заштитнички порив и верност, а во односите со пријателите се поставуваат како загрижени мајки. Одлично се согласуваат со Рибите кои ја скротуваат нивната тврдоглавост, а уживаат во друштво со Лавовите.
Близнаците се најдруштвени
Темпераментните Близнаци за себе ретко ќе кажат дека немаат пријатели, бидејќи тие не се задоволуваат со најдобар пријател, туку им требаат повеќе за да ги задоволат нивните друштвени потреби. Преферираат да се движат во широки друштвени кругови каде ги селектираат луѓето според нивните интереси. Така, тие имаат пријатели за кафе, за излегување, за помош кога ќе им затреба. Недостаток им е што мислат дека сите пријатели се заменливи и дека лесно се наоѓаат нови.
Раковите знаат да сочувствуваат
Емотивни, полни со разбирање и сочувство – тоа е најдобар опис за припадниците на овој знак. Најчесто се дружат со луѓе слични на себе, кои се еднакво емотивно топли и склони кон променливо расположение. Во потрага по пријател треба да запознаваат Риби и Скорпии со кои лесно ќе се разберат. Негативна особина е што постојано се умилкуваат и глумат за да им се допаднат на сите.
Лавот нема да ве остави на цедило
Припадниците на овој знак се многу ценети пријатели, но иако се движат во големи друштва, својата приватност ја делат само со неколкумина. Ако успеете да се зближите со Лавот, знајте дека тој ќе биде тука секогаш за вас. Тие имаат долгогодишни пријателства кои скоро никогаш не престануваат, а најдобри пријатели им се Лавовите, Овните и Скорпиите. Недостаток им е што знаат да манипулираат со другите.
Девиците бараат слични пријатели на нив
Припадниците на овој знак на прв поглед се резервирани и не влегуваат во длабоки меѓучовечки односи лесно. Во пријателството имаат слични критериуми како во љубовта. Бараат особини кои ги поседуваат и самите и кои ги привлекуваат. Не сакаат луѓе кои премногу бараат и кои се несигурни во себе, а бидејќи се ладни и рационални, лесно можат да предвидат со кој можат да бидат добри пријатели. Добро се согласува со Девици и Јарци, а недостаток им е што се љубоморни на туѓиот успех.
Какви пријатели се останатите 6 знаци, откријте на следната страна...
Би можело да ве интересира:





